Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
07.10.2011, 12:35

Ларс Фон Трир повеќе нема да зборува јавно



Контроверзниот дански филмски режисер Фон Трир ова го соопшти вчера откако скандалот што во мај годинава го направи на Канскиот филмски фестивал сега стана полициски предмет.

Одлуката на данскиот режисер со големо меѓународно реноме е поврзана со неодамнешното сослушување на кое бил повикан кај данската полција. Сослушувањето се случило на барање на француско јавно обвинителство, кое сака да испита дали Фон Трир го прекршил францускиот закон. Тој е осомничен дека ги величал воените злосторства, пишува данскиот весник „Политикен“.

Ларс Фон Трир на една прес-конференција во Кан рече дека го разбира Хитлер, по што беше прогласен за „персона нон грата“.

Според мислењето на критичарите, последниот филм на Трир "Меланхолија" бил сериозна конкуренција на Маликовиот "Дрво на животот" за златната палма во Кан, но после скандалот, Американецот ја доби посакуваната награда, а данскиот режисер беше прогласен за непожелна личност.

- Кажав идиотски работи и жал ми е што повредив многу луѓе. Мојот проблем е во тоа што мразам конфликти, па не можам да се натерам да не ги предизвикувам. Кога стојам пред публика која очекува нешто да кажам, јас тоа и го правам. А кога ќе кажам дека сум нацист, потполно сум шокиран кога луѓето ќе поверуваат во тоа. Во Кан допрев табу, а тоа предизвика жестоки реакции – рече Фон Трир по скандалот во Кан, потсетувајќи дека „десет пати се извинил“.

Во своето вчерашно соопштение Фон Трир пишува дека сега „бил принуден да увиди оти не располага со способност да се изразува недвосмислено“.

- Затоа решив, почнувајќи од денеска, да се воздржам од секаков вид јавно изразување и исклучиво да се посветам на работата на моите филмови, потенцира Фон Трир.


Статијата е прочитана 583 пати.

Испрати коментар



Документарецот „Меџик Хил“ на фестивал во Милано
Писмо од Ајнштајн продадено за 14.000 долари
Завршува фестивалот на класична музика „Интерфест-Битола 2011“
Македонски режисер сними филм во Холивуд
Седми Фестивал на новиот германски филм
Гоце Мојсоски на „Менхант“ во Сеул
Биографската книга за Стив Џобс на водечката позиција на „Амазон“
Пол Макартни се жени по третпат
Ќерката на Били Боб Тортон осудена на 20 години затвор
Награда за македонскиот сатиричар Васил Толевски
Фрик фестивал по трет пат
Томас Транстромер добитник на Нобеловата награда за книжевност
Фестивалот „Браќа Манаки“ се отвора со „Крвта што проштава“
Нема случајност, туку лош однос кон филмот
Трајче Кацаров е добитникот на наградата „Григор Прличев“
ФОТОГАЛЕРИЈА - На снимањето на „Трето полувреме“
Продолжуваме да го одиме патот на сонцето
Кандидатурата за Оскар на „Панкот...“ ќе биде прифатена
Две меѓународни награди за проектот „Amazing Macedonia“
„Епл“ го претстави најновиот iPhone 4S
Поемата „Ако“ ја освои наградата „Григор Прличев“
(ЕКСКЛУЗИВНО) Сите детали за утрешниот концерт за Тоше
„Мајки” и Манчевски на филмскиот фестивал во Варшава
„Дијалог“ ќе им подари книги на десет библиотеки
Википедија на македонски јазик надмина 50.000 статии
Премиера на новиот проект на Драган Даутовски
Да го направиме одново ѕвезденото небо за Тоше
Култното германско дуо „Маус он Марс“ вечерва на „Десонанз“
„Панкот не е мртов“ денеска премиерно во Лондон
Фестивал на занаетчиите во Старата скопска чаршија
Густав Малер за старт на сезоната на Филхармонија
„Маус он Марс“ главни ѕвезди на „Десонанз“
Весна Јакимовска на Мис на светот во Лондон
„Амазон“ го претстави својот таблет Kindle Fire
„Ромео и Јулија“ најдобра на 36. МОТ
Наградата на „Екс понто“ ни отвори многу перспективи
Полански ја прими наградата за животно дело
Македонски стрип меѓу најдобрите на Салонот во Белград
„Епл“ на 4. октомври ќе го претстави iPhone 5
ФОТО - Катарина во сета своја раскошна убавина
МОТ завршува со две претстави и концерт на „Биоскопија“
„Гугл“ денеска го слави 13. роденден
Цела недела дизајн во Скопје
Литванската „Ромео и Јулија“ вечерва на МОТ
Маја Лазаревска на „Мис бикини интернационал“ во Кина
Почина Серџо Бонели - авторот на Загор, Мистер Но и Дилан Дог
Професорка, докторка и стујардеса му вадат душа на Тони Зен
Два филма на Киро Урдин премиерно во Кинотека
Парис Хилтон ги шокираше Индијците
Хит-претставата „Господа Глембаеви“ вечерва на МОТ
Веста Вилијамс пронајдена мртва
Две претстави и концерт денеска на МОТ
„Пета“ со порно сајт за заштита на животните
Дали Ајнштајн згрешил?
„Фејсбук“ го претстави новитетот „Тајмлајн“
Гитаристот Владимир Четкар го освојува и Лондон
Тенорот Благој Нацоски ја почнува новата концертна сезона

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 8°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 23°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
 
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |