28.09.2011, 12:49 „Епл“ на 4. октомври ќе го претстави iPhone 5
Новиот смартфон на пазарот треба да се појави кон средината на октомври.
Порано од претходно најавеното, новиот модел на најпопуларниот светски смартфон, iPhone официјално ќе биде претставен во вторник на 4. октомври во седиштето на „Епл“ во Купертино. Се уште не е познато дали ќе биде претставен еден или два нови модела на iPhone, а имињата со кои се шпекулира во јавноста се iPhone 5, iPhone 4s и iPhone 4+.
Поканите за овој настан наречен „Let's talk iPhone“ се веќе поделени, а според новинарските шпекулации на настанот во седиштето на Apple ќе биде претставено многу повеќе од новиот iPhone 5.
Новиот смартфон на пазарот треба да се појави кон средината на октомври.
На овој настан сепак нема да присуствува Стив Џобс, а присутните ќе ги поздрави неговиот наследник Тим Кук. Џобс на 24. аугуст објави дека поради здравствени причини се повлекува од функцијата Извршен директор.
|