14.10.2011, 11:24 „Панкот не е мртов“ дефинитивно ќе се бори за „Оскар“
Американската филмска академија, од добиените 63 странски филмови треба да номинира пет кои бидат соопштени на 24 јануари.
Организаторите на доделувањето на американските филмски награди „Оскар“ синоќа соопштија дека добиле предлози од 63 земји за годинашната награда за најдобар странски филм.
Меѓу кандидатите е и македонскиот филм „Панкот не е мртов“ на режисерот Владимир Блажевски.
Прв пат во конкуренција е и еден филм од Нов Зеланд „The Orator“. Како најсериозни кандидати за освојување на годинашниот Оскар, американските списанија специјализирани за филмска уметност, ги посочуваат полскиот филм „Во темнина“ кој зборува за холокаустот на Евреите и шпанскиот „Црна Брада“ кој освои девет награди Гоја.
Американската филмска академија, од добиените 63 странски филмови треба да номинира пет кои бидат соопштени на 24 јануари. Церемонијата на доделување на Оскарите е закажана за 26 февруари.
|