14.10.2011, 11:00 Грчките премини блокирани наредните десет дена
Грчките цариници од утринава повторно ги блокираа трите гранични премини на Македонија со Грција, со почнувањето на нивниот нов штрајк, кој според најавите се очекува да трае десет дена.
За разлика од претходните два штрајка, кога возилата се пропуштаа на секои половина час, тоа нема да биде случај сега. Влезот во Грција е целосно забранет за возила а преминот, барем до овие моменти е можен само пеш. Блокиран е и железничкиот сообраќај.
Проблемите со штрајковите и блокадите во Грција повеќе од една и пол година им предизвикуваат големи загуби на македонските фирми и на транспортерите кои работат преку Солунското пристаниште.
|