14.10.2011, 11:29 Се намалува цената на суровата нафта
Нафтата изутринава во текот на електронското работење на берзата во Њујорк се продава цена од нешто над 84 долари за барел, додека инвеститорите го очекуваат попладневното објавување на најновите економски показатели за состојбата на економијата на САД.
Цената на американската „лесна“ нафта за терминална испорака во ноември на Њујоршката стокова берза се намали за девет центи на 84,14 долари за барел.
Европскиот „брент“ на Меѓународната берза на нафта во Лондон неочекувано поефтини на 111,06 долари за барел.
Повеќето денови од оваа недела цената на „течното злато“ се движеше околу 85 долари за барел, откако значително се зголеми од нивото од 75 долари од минатата недела, при што поскапувањето се припишува на оптимизмот на инвеститорите дека Европа наскоро ќе го објави планот за излез од својата должничка криза.
Трговците со нафта со внимание ги очекуваат најновите податоците за малопродажбата, потрошувачката доверба и работните резерви на САД, кои ќе бидат објавени попладне.
Консултанската фирма „Рибтербас енд асосијетс“ денеска објави извештај во кој се наведува дека развојот на ситуацијата околу должничката криза во Европа ќе биде клучен фактор кој ќе влијае врз це��ата на нафтата.
|