Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
13.10.2011, 21:59
Отфрлена тужбата за силување против Строс-Кан



Јавното обвинителство на Париз ја отфрли тужбата за обид за силување на Тристан Банон против Доминик Строс Кан, оценувајќи дека сепак некои акти можат да бидат квалификувани како „сексуален напад“, но тие веќе се застарени дела.

Младата новинарка и писател уште пред соопштувањето на одлуката на јавното обвинителство, најави дека веднаш ќе поднесе тужба во граѓанска постапка, со што веднаш ќе треба да биде нзаначен судија за инструкција на предметот.

Во соопштението на јавното обвинителство, меѓу другото се вели дека „поради отсуство на доволно докази, не може да се отвори кривична постапка против Доминик Строс-Кан за обид за силување, неговите акти можат да бидат квалификувани како сексуален напад.

Со оглед дека делото било сторено во 2003 година и беше откриено во јули 2011 година, овие дела се застарени, што е во согласност со законската регулатива во оваа област.“ За време на сослушувањето од полицијата, поранешниот директор на ММФ призна дека и дал „предлози“ на младата жена, ова според еден извор близок на истрагата. Строс-Кан од почетокот се бранеше дека не постапил насилнички кон Тристан Банон за време на средбата во неговиот апартман во Париз.

Одлуката да не се отвора кривична постапка против Строс-Кан, се случи на денот кога излезе во продажба книгата на Тристан банон „Бал на хипокритите“ – книга на автофикција во која таа ја дава својата верзија на настанот, без да го спомене името на Доминик Строс-Кан.

Против поранешниот француски министер и поранешен директор на ММФ се води судска граѓанска постапка во САД, покрената од вработената во хотелот „Софител“ во Њујорк, која го обвинува дека ја силувал. Обвинителот на Њујорк се откажа од кривичното гонење на Строс-Кан, откако оцени дека жртвата не била доволно кредибилна.

Статијата е прочитана 924 пати.

Испрати коментар



Отворени граничните премини кон Грција
Хотелот „Сити Интернешнал“ го поплави ГТЦ
Владата на Берлускони доби доверба
Се зголемува трговската размена меѓу Македонија и Косово
Ставрески - Со капитални инвестиции против европската криза
АЕК објави повик за доделување фрекфенции за 4Г
Муса Џафери - Да се разгледаат сите фактори за пропаѓањето на пописот
Возач на ЈСП нападнат во Сарај
Филе - Топката сега е во дворот на Белград
Турска донација во опрема за АРМ, вредна 900 илјади долари
Хуманитарна трка во Бон за Македонија
Папандреу - Грција има потреба од радикални промени
Собранието ја продолжува расправата за прекин на пописот
Се намалува цената на суровата нафта
Грчките премини блокирани наредните десет дена
Се самоуби поранешен директор на затворот „Идризово“
Само пеш ќе може да се влезе во Грција
Иванов со писмо до Баросо изрази незадоволство
Тимошенко може да биде ослободена следната недела
Богов тврди дека македонските банки се стабилни
Арифи - Извештајот е позитивен, преговорите и натаму условени со името
Еден загинат и тројца тешко повредени во сообраќајка кај Лешок
Вадефул - Блокадата на Македонија не е европско решение
Секс штрајкот во Колумбија вроди со плод
Маж уби осум лица во фризерски салон во Калифорнија
Пратениците ќе расправаат за прекинувањето на пописот
Владата утврди престанок на важење на Законот за попис
Извештајот на ЕК повторно без придавката „македонски“
„Транспаренси“ бара кривична о��говорност од Ставрески
Србија доби препорака за добивање кандидатски статус за ЕУ
Ховит - Следната година клучна за евроинтеграција на Македонија
ЕК по трет пат препорача почеток на преговорите со Македонија
Бузек - Бугарија и Романија за неколку месеци во Шенген зоната
Вељаноски очекува ЕУ да ги почне преговорите со Македонија
Експлозија тешко повреди работник во селото Тресонче
Сточарот од кочанско Зрновци бил убиен од цимерот
Кина и Русија потпишаа спогодби тешки седум милијарди долари
Републиканците го блокираа Обама во борба против невработеноста
Вонредна седница на Владата поради прекинот на пописот
ЕК денеска ќе го објави извештајот за напредокот на Македонија



"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 12°C

Облачно

Сабота
Претежно облачно
Макс: 13°C, Мин: 1°C

Недела
Ведро
Макс: 12°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
 
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |