Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
14.10.2011, 11:39
Собранието ја продолжува расправата за прекин на пописот



Со законот, поднесен од Владата на Република Македонија, се предлага престанување на важноста на Законот за попис, со што и официјално пописот е прекинат.

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи дванаесетата седница на која како единствена точка на дневниот ред е Предлог-законот за престанување на важење на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите, по скратена постапка.

Со законот, поднесен од Владата на Република Македонија, се предлага престанување на важноста на Законот за попис, со што и официјално пописот е прекинат.

Министерот за правда Блерим Беџети вчера, образложувајќи ја одлуката на Владата, рече дека причините за донесување на законот се недоследности и недоречености во примената од одредби од Законот за попис како резултат на недоволен временски период за подготовка и обучување на учесниците во спроведување на пописот во земјата, а посебно на реонските инструктори и попишувачи. Беџети објасни дека со предложениот закон, пописниот материјал собран за време на спроведувањето на пописот, Државниот завод за статистика ќе го уништи согласно на прописите за класифицирани информации, а нап��авените трошоци во врска со спроведувањето во сила на Законот за попис ќе се исплатат од Државниот завод за статистика, кој, пак, во рок од три месеци од влегувањето во сила на овој закон треба да поднесе извештај до Владата.

Пратениците од ДПА ја напуштија седницата и нема да учествуваат во работата на Парламентот по оваа точка на дневен ред поради тоа што не бил отворен поширок политички дијалог за процесот на пописот, неодржувањето средба на лидерите на најголемите политички партии во Македонија и поради фактот дека парламентарното мнозинство не одржало претходни консултации за законот што е на дневен ред.

Пописот на населението, домаќинствата и становите почна на 1 октомври, а беше прекинат откако членовите на Државната пописна комисија поднесоа оставки поради недоследна примена на Законот за попис.

Пописот требаше да се одржи од 1 до 15 април годинава, но беше одложен поради изборите и презакажан за терминот од 1 до 15 октомври.

Предлог-законот за престанување на важење на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите денеска ќе биде разгледан и на седница на Законодавно-правната комисија.





Статијата е прочитана 494 пати.

Испрати коментар



Отворени граничните премини кон Грција
Хотелот „Сити Интернешнал“ го поплави ГТЦ
Владата на Берлускони доби доверба
Се зголемува трговската размена меѓу Македонија и Косово
Ставрески - Со капитални инвестиции против европската криза
АЕК објави повик за доделување фрекфенции за 4Г
Муса Џафери - Да се разгледаат сите фактори за пропаѓањето на пописот
Возач на ЈСП нападнат во Сарај
Филе - Топката сега е во дворот на Белград
Турска донација во опрема за АРМ, вредна 900 илјади долари
Хуманитарна трка во Бон за Македонија
Папандреу - Грција има потреба од радикални промени
Се намалува цената на суровата нафта
Грчките премини блокирани наредните десет дена
Отфрлена тужбата за силување против Строс-Кан
Се самоуби поранешен директор на затворот „Идризово“
Само пеш ќе може да се влезе во Грција
Иванов со писмо до Баросо изрази незадоволство
Тимошенко може да биде ослободена следната недела
Богов тврди дека македонските банки се стабилни
Арифи - Извештајот е позитивен, преговорите и натаму условени со името
Еден загинат и тројца тешко повредени во сообраќајка кај Лешок
Вадефул - Блокадата на Македонија не е европско решение
Секс штрајкот во Колумбија вроди со плод
Маж уби осум лица во фризерски салон во Калифорнија
Пратениците ќе расправаат за прекинувањето на пописот
Владата утврди престанок на важење на Законот за попис
Извештајот на ЕК повторно без придавката „македонски“
„Транспаренси“ бара кривична одговорност од Ставрески
Србија доби препорака за добивање кандидатски статус за ЕУ
Ховит - Следната година клучна за евроинтеграција на Македонија
ЕК по трет пат препорача почеток на преговорите со Македонија
Бузек - Бугарија и Романија за неколку месеци во Шенген зоната
Вељаноски очекува ЕУ да ги почне преговорите со Македонија
Експлозија тешко повреди работник во селото Тресонче
Сточарот од кочанско Зрновци бил убиен од цимерот
Кина и Русија потпишаа спогодби тешки седум милијарди долари
Републиканците го блокираа Обама во борба против невработеноста
Вонредна седница на Владата поради прекинот на пописот
ЕК денеска ќе го објави извештајот за напредокот на Македонија



Oskar, 14.10.2011 14:24:06
Dodeka go pisuvam ovoj komentar go gledam i slusam parlamentot koj rasprava za Zakonot za prestanuvanje na popisot. Diskusiite na pozicijata se krajno neodgovorni i sramni bez cuvstvo na trunka odgovornost poradi golemiot skandal i sram sto i e se sluci na RM i nemanje cuvstvo za minimum odgovornost za napravenata ogromna steta na Budjetot na RM. Nema dilema deka popisot ne smeel da pocne ako popisnite komisii ne bile spremni so jasni pravila za popis i so nestrucni popisuvaci izbrani so izvlekuvanje, na sreka, bidejki istiot pocnal i poradi losa organizacija se bara prekin (po podnesenite ostavki na clenovite na drzavnata popisna komisija, najmalku sto treba da se stori vo ovoj slucaj e Vladata da si podnese ostavka.

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 12°C

Облачно

Сабота
Претежно облачно
Макс: 13°C, Мин: 1°C

Недела
Ведро
Макс: 12°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
 
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |