Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
19.10.2011, 15:31
Заменети бебиња во Медицинскиот центар во Кочани




Иван Бојаџиски


Штип – Триесетгодишна родилка од Пехчево, која пред четири дена родила ќерка на гинеколошко-акушерското одделение во болницата во Кочани, завчера си заминала за родниот град со машко бебе! Родилката и нејзиниот сопруг Александар се стаписале кога во присуство на доктор-педијатар од Пехчево, откако го донеле дома, првпат го расповиле бебето за докторката да го прегледа и за да го избањаат нивното бебе.

„Со сопругата знаевме дека семејството ни се зголеми со ќеркичка. Тоа е наша прва рожба и бевме неизмерно среќни од приновата. Но, се шокиравме кога сопругата и бебето ги донесовме дома и викнавме педијатар од нашиот град за да го прегледа. Наместо ќерка, дома сме донеле син! Веднаш се јавивме во болницата во Кочани и во полицијата во Берово. Не сме свесни што ќе се случеше, ако сменетите бебиња беа од ист пол. Дали цел живот и ние и другото семејство ќе одгледувавме деца на кои не сме им биолошки родители?“, реагираше Александар.

Во моментот кога родилката од Пехчево си заминувала дома со бебето што и' го дала сестрата што била на смена со зборовите „Нека ви е со среќа, нека е живо и здраво и да дочека длабока старост“, на гинеколошко-акушерското одделение во кочанската болница имало само четири бебиња. Иронијата на овој скандал да биде поголема, две бебиња биле близнаци, што значи дека двете преостанати бебиња биле токму машкото и женското што биле заменети од дежурната сестра.

„Сигурно дека во овој случај постои место за одговорност, но таа не може да падне на целото одделение или на целата болница, туку само на дежурната акушерка, која, најверојатно, од невнимание ја направила размената на бебињата. Ние ќе го испитаме случајот од сите аспекти, а јавноста и надлежните ќе бидат на време известени за нашите одлуки“, вели Фанзи Јуруков, специјалист-гинеколог, раководител на гинеколошко–акушерското одделение во болницата во Кочани.

Александар, таткото на заменетото бебе од Пехчево, вели дека ќе направи ДНК-анализа. Не само заради тоа што се такви законите кога ќе се случат вака драматични настани, туку и заради лична сигурност, односно за тие како семејство да бидат сосема уверени во фактот дека бебето што го донеле дома од кочанската болница е нивното.

Родителите на бебето од Пехчево завчера вечер се вратиле во Кочани каде што во болницата била регистрирана замената, па секоја од родителките со своето вистинско бебе си заминала дома. Родителите на машкото бебе, за кои се шпекулира дека се од Кочани, сакале да останат настрана од јавниот интерес во врска со овој случај.

Статијата е прочитана 2438 пати.

Испрати коментар



ЕУ - Смртта на Гадафи означува крај на ерата на тиранија
Иванов - Очекуваме ЕУ да се однесува европски
Моамер Гадафи - полковникот кој сакаше да го викаат крал
Новите либиски власти официјално потврдија дека Гадафи е мртов
Го каснала оса и починал
Ставрески - Македонија е трет топ реформатор во светот
САД и НАТО немаат потврда за смртта на Гадафи
Собранието расправа за невработеноста и сиромаштијата
Заврши драмата со дивите животни на слобода во Охајо
Доскорешниот либиски министер за одбрана убиен во Сирт
Германија и Франција поделени околу спасот на еврото
(ОБНОВЕНО) Моамер Гадафи е убиен!
Тетовец криел марихуана во близина на бачило
Продолжува генералниот штрајк во Грција
Осум војници на КФОР повредени од солзавец при отстранување на барикадите
Попоски - Имаме подршка за НАТО, името останува пречка
Судењето на „тигарот“ на 2 ноември
Банките да работат повеќе со фирмите, а помалку со Владата
Собирање на желбите на граѓаните
Полицијата употреби солзавец, 70 илјади луѓе на улиците
Почина француската заложничка Мари Дедио
Цената на нафтата над 88 долари
АЕК воведе услуга „Преглед на понуди“
Татко го влечел детето 30 метри закачено на кука
Косово до крајот на 2011 ќе почне преговори за визна либерализација
Во напади на Курдите убиени 24 турски војници
Зголемен бројот на странски туристи во август
Бактеријата листерија усмрти 25 лица во САД
Парламентот ќе расправа за Извештајот на ЕК
Грција парализирана поради 48-часовен генерален штрајк
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Иванов на средба со емирот од Катар
Пожарот ги „затопли“ односите со Катар
Евтините кредити најрано од ноември
Крај на сезоната на градските плажи
Кралев најави зголемување на екстерните предмети од матурата
Емирот на Катар најави инвестиции
ЕБОР - Ќе забави растот на македонската економија
Јанкуловска - Пожарот во „Палас“ од неисправна светилка
Дачиќ - Апел до КФОР да не се употребуваат насилни мерки
Груевски - Грција воопшто не се труди да најде решение
Масовниот убиец Брејвик е непопуларен во затворот
Tехнома 2011 од денеска на Скопски саем
Гилад Шалит беше предаден на израелските власти
ОН повикаа на примирје за Олимпијадата во Лондон
Емирот од Катар денеска на средба со Груевски
(ЕКСКЛУЗИВНО + ФОТОГАЛЕРИЈА) Се запали Александар Палас - емирот во „магла"
Пожар во Центарот за азиланти во Скопје
Владата ќе го зголемува нивото на електронска трговија
Емирот на Катар пристигна во Скопје
Исчезна службениот возач на ректорот на ДУТ
Владите, а не коморите да ги решат блокадите со Грција
Приведен малолетникот кој го ограби Бошкоски
ВМРО НП бара веднаш да се одреди датум за следниот попис
Италијански алпинист загина на Алпите
Лагард - ММФ има доволно капитал
Иво Санадер останува во притвор
Груевски - Македонија е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ
Мајка и ќерка загинаа во пожар во Трогир
Почнува изградбата на фабриката на „Џонсон контролс“ кај Штип
Одложена одлуката за стечај на А2
Убиен синот на Гадафи, во Сирт грабежи
Четири жртви во сообраќајка во Скопје
Сообраќајот кон Грција повторно во прекин
Емирот на Катар во посета на Македонија
Насилство на протестите против капитализмот
Парламентот и официјално го прекина пописот
Килограм злато украдено од стан во Скопје
Отворени граничните премини кон Грција
Хотелот „Сити Интернешнал“ го поплави ГТЦ



Tina, 19.10.2011 15:45:01
Bog da cuva, kolku strasno! nesakam ni da pomislam sto ke se slucese dokolku bea dvete bebinja maski ili zdvete zenski! STRASNO! se nadevame ke bidat kazneti odgovornite bez razlika sto slucajot se razresi brzo, razresuvanjeto e cista slucajnost!

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 0°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 5°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |