19.10.2011, 11:36 Бактеријата листерија усмрти 25 лица во САД
Дваесет и пет смртни случаи во 12 американски држави се поврзани со бактеријата листерија која е пронајдена до дињи. Тоа е најсмртоносната епидемија предизвикана од храна во САД во изминатите 25 години.
Американскиот Центар за контрола и превенција на болести соопшти дека досега се заболени 123 лица, цифра во која се и луѓето кои ги загубиле животите.
Дињите биле од компанија од Колорадо и најверојатно се повлечени од продажба. Смртни случаи се регистрирани во Колорадо, Њујорк, Индијана, Канзас, Луизијана, Мериленд, Мисури, Небраска, Њу Мексико, Оклахома, Тексас и Вајоминг.
|