17.10.2011, 09:20 Сообраќајот кон Грција повторно во прекин
Патничкиот и товарниот сообраќај кон граничните премини во Грција од денеска повторно е во прекин поради штрајк на грчките погранични служби.
Авто мото сојузот на Македонија повикувајќи се на информации добиени од македонските гранични служби соопшти дека штрајкот на грчките цариници повторно се активира и оти сообраќајот на граничните премини Дојран, Богородица и Меџитлија ќе биде во прекин.
Грчките цариници во петокот најавија дека ќе штрајкуваат до 24 овој месец, но штрајкот беше привремено прекинат.
|