Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
21.10.2011, 12:54

Наскоро издавање градежни дозволи по електронски пат




Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, преземени се крупни чекори напред во реформирање на градежништвото, за што, како што вели, поддршка доаѓа од сите страни.

По драстичното олеснување и упростување на постапките потребни за добивање одобрение за градење, за што Македонија има најголем скок во годинешниот извештај „Doing Business“, Владата најавува воведување систем за издавање на тие одобренија по електронски пат. Тоа значи дека градежните дозволи ќе можат да се добиваат уште побрзо, а заради принципот на кој е обмислен системот, контролата врз овој процес ќе биде уште позасилена од претходно, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Целта на системот е да овозможи следење на процесот за издавање одобренија за градба, како на државно, така и на ниво на секоја општина, преку управување со процесот, потребните чекори, документи, проследување до надлежните институции и сектори, со запазување на законските рокови и надлежности. Процесот, истакнуваат од Министерсгвото, го опфаќа целиот циклус од аплицирање до издавање одобрение за градба.

Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, преземени се крупни чекори напред во реформирање на градежништвото, за што, како што вели, поддршка доаѓа од сите страни.

- Освен што имаме поддршка од граѓаните во спроведените анкети, каде 80 проценти од нив го поддржуваат Законот за легализација на дивоградбите, евидентна е и поддршката на бизнис-секторот. Највпечатлив е скокот од 86 места нагоре во сегментот подобрување на постапката за добивање градежни дозволи на листата на топ-реформатори на Светска Банка. Во овој дел сме број еден реформатор од сите 183 земји од светот кои се анализираат во извештајот, изјави Јанакиески.

Од електронското издавање на градежните дозволи, укажуваат од ресорното Министерство, најголеми придобивки ќе бидат брзото и ефикасно поднесување на барањето без чекање редици, нервози и запазување на работни времиња, како и транспарентноста во целиот процес на негово одобрување, преку увид во секоја фаза и чекор од процесирањето. Дополнително на ова, посочуваат, ќе има и намалување на трошоците за поднесување бидејќи ќе се приложуваат дигитални верзии на документите, а нема да мора да се печатат, умножуваат,....

Реформата треба да овозможи забрзано делување и на администрацијата и дигитално поврзување на сите институции кои се вклучени во процесот, за да се зголеми ефикасноста во работењето и контролата.

По неодамнешниот старт на самостојното управување на осум општини со градежното земјиште, од Министерството за транспорт и врски очекуваат во следниот период нивниот број да се зголеми. Тоа го темелат на активностите на кои работеле сите општини за исполнување на условите од Законот за градежно земјиште, со што ќе можат да го преземат менаџирањето со градежното земјиште од централната власт.

- Овој процес претставува чекор плус во олеснувањето на постапките во делот на градежништвото, затоа што се овозможува комплетирање на целата постапка - купување и закуп на градежното земјиште и добивање на градежни дозволи, сe на едно место, истакнуваат од Министерството за транспорт и врски.



Статијата е прочитана 179 пати.

Испрати коментар



СДСМ покрена постапка за утврдување на одговорноста за пропаѓање на пописот
Амнестија за Ахмети по празникот!
Пешевски оптимист за реализација на странските инвестиции
Обвинетите од „Фаланга“ добија над 70 години затвор
ОН побараа истрага за смртта на Гадафи
Непозната судбината на синот на Гадафи, Сеиф ал Ислам
Бесими-Чеку - Заедничка цел е членството во НАТО и во ЕУ
Поповски во посета на Приштина, Чеку во Скопје
Грчкиот парламент ги изгласа мерките за штедење
Чавес - Убиството на Гадафи е срамота
ЕТА прогласи крај на вооружената борба
Едно лице почина од срцев удар во Атина
Џибрил - Гадафи починал од куршум при престрелка
ЕУ - Смртта на Гадафи означува крај на ерата на тиранија
Иванов - Очекуваме ЕУ да се однесува европски
Моамер Гадафи - полковникот кој сакаше д�� го викаат крал
Новите либиски власти официјално потврдија дека Гадафи е мртов
Го каснала оса и починал
Ја поправивме бизнис климата, што е со политичката
САД и НАТО немаат потврда за смртта на Гадафи
Собранието расправа за невработеноста и сиромаштијата
Заврши драмата со дивите животни на слобода во Охајо
Доскорешниот либиски министер за одбрана убиен во Сирт
Германија и Франција поделени околу спасот на еврото
(ОБНОВЕНО) Моамер Гадафи е убиен!
Тетовец криел марихуана во близина на бачило
Продолжува генералниот штрајк во Грција
Осум војници на КФОР повредени од солзавец при отстранување на барикадите
Попоски - Имаме подршка за НАТО, името останува пречка
Судењето на „тигарот“ на 2 ноември
Банките да работат повеќе со фирмите, а помалку со Владата
Заменети бебиња во Медицинскиот центар во Кочани
Собирање на желбите на граѓаните
Полицијата употреби солзавец, 70 илјади луѓе на улиците
Почина француската заложничка Мари Дедио
Цената на нафтата над 88 долари
АЕК воведе услуга „Преглед на понуди“
Татко го влечел детето 30 метри закачено на кука

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 9°C

Претежно облачно

Сабота
Ситен дожд
Макс: 19°C, Мин: 6°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 19°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |