Изненадувањето на сезоната, екипата на Леванте е изненадувачки лидер на табелата во шпанската Примера и тоа пред Реал Мадрид и Барселона.
Малиот клуб од предградието на Валенсија ја продолжи серијата од шест победи по ред. Овој пат совладана беше екипата на Виљареал и тоа со 0:3 на гостински терен, со што сега Леванте има поен предност пред Реал Мадрид.
Првите два гола за гостите ги постигна Хуанлу во првиот дел, а во второто полувреме судбината на „жолтата подморница“ ја запечати Аруна Коне.
Валенсија на домашен терен ремизираше со Атлетик Билбао (1:1), исто како и Атлетико Мадрид со Мајорка.
По четири победи на почетокот на сезоната, Бетис нанижа исто толку неуспеси. Овој пат совладани беа од Рајо Ваљекано.
Реал Сосиедад и покрај теренската иницијатива не успеа да го сруши отпорот на Хетафе, а Осасуна лесно ја совлада Сарагоса.