Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
22.10.2011, 13:34

„Златна камера 300“ за Фред Келеман

Меѓународното стручно жири ја донесе оваа одлука затоа што Келеман покажал маестрална способност со филмската камера во унгарскиот филм „Коњот од Торино“ во режија на Бела Тар.

Кинематограферот со унгарско-германско потекло Фред Келеман е годинашен добитник на највисокото фестивалско признание, наградата „Златна камера 300“ на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој синоќа беше свечено затворен.

Меѓународното стручно жири ја донесе оваа одлука затоа што Келеман покажал маестрална способност со филмската камера во унгарскиот филм „Коњот од Торино“ во режија на Бела Тар.

Сребрената „Камера 300“ му припадна на кинематограферот Михаил Кричман од Русија за филмот „Тивки души“, додека бронзената „Камера 300“ на 32.издание на ИФФК „Браќа Манаки“ му беше доделена на Лех Мајевски од Полска, кинематографер, но и режисер на филмското ремек дело „Воденицата и крстот“.

Меѓународното стручно жири предводено од лауреатот Данте Спиноти додели и награда за најдобар кинематографер што снимил краток филм и тоа признание му припадна на Хорхе Креспо од Аргентина за краткиот филм „Корал“. Со одлука на организаторите, од оваа година програмата „Нови визии“ беше оценувана од посебно жири, а наградата на градот Битола, златна „Камера 300“ беше доделена за бугарскиот филм „Засолниште“ на режисерот Драгомир Шолев и кинематограферот Крум Родригез.

Според востановената традиција, на свеченото затворање на фестивалот беа доделени специјалните награди златна „Кемера 300“ на Бруно Далбонел од Франција, кој посочи дека по втор пат во животот присуствува на фестивал, но во Битола е затоа што тоа е фестивал на кименатограферите.

- Чудно, ние кинематограферите како секогаш да сме сами, но токму овој фестивал нуди можност се да си кажеме, да поразговараме и да размениме искуства. Кога дојдов во Битола сфатив дека браќата Манаки всушност почнале да снимаат уште пред првата светска војна, истакна Далбонел.

Специјална награда златна „Камера 300“ за посебни актерски остварувања во светскиот филм, на фестивалската сцена во Битола му беше доделена на српскиот актер Предраг Мики Манојловиќ што лично му ја врачи градоначалникот Владимир Талески.

- Оваа вечер за мене има посебно симболично значење. Пред многу години стоев на оваа сцена како гостин на театарот бидејќи тука ме донесе големиот Европски режисер Слободан Унковски. Тогашниот Битолски театар беше најдобар во поранешна Југославија и јас денеска можеби немаше да бидам тука, доколку во мојот живот не се појаваше човек каков што е Слободан Унковски со кого го работев проектот „Хрватски фауст“. Вечерва чувствувам како да сум на некаков почеток, а не знам зошто, истакна ѕвездата на годинешниот фестивал Мики Манојловиќ.

На 32.издание на ИФФК „Браќа Манаки“ од 15 до 21 октомври беа прикажани 75 филмски остварувања и се реализираа под мотото „Продолжи да гледаш“.

Директорката на фестивалот Лабина Митевска изјави дека 32. издание е досега најпосетено и со најжестока конкуренција за наградите.

- Оваа е најсилната фестивалска година, со најголема посетеност во просек од 2.700 до 3.000 лица на ден, бројка на која може да и позавидат многу други фестивали на Балканот. Годинава без скромност бевме одлични и на организациски план и јас без двоумење изјавувам дека годинешното издание на ИФФК „Браќа Манаки“ е најдоброто, рече Митевска на прес-конференцијата во пресрет на затворањето на фестивалот.


Статијата е прочитана 203 пати.

Испрати коментар



Витоуш разочара, Лојд воодушеви
Од сабота до сабота
Филмот е најмоќното невидливо оружје
Спомен куќата на Тоше меѓу трите најдобри светски објекти на интернет
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Брилијантна увертира за јубилејот
Таблетот „Самсунг Галакси Таб 10.1“ во понудата на Вип
Легендата Чарлс Лојд, Мирослав Витоуш и „Фајр“ на Скопски Џез-Фестивал
На „Браќа Манаки“ по 2.500 гледачи дневно
Вејн Шортер вечерва го отвора „Скопски џез-фестивал“
Карла Бруни роди девојче
Бугарски медиуми - „Трето полувреме“ ја извртува вистината
3Д киносала во Скопје
ДНК со „Дада“ на Ем-Ти-Ви
(ВИДЕО) Претставени „Андроид“ 4.0 и Galaxy Nexus
Стоби на листата World Monuments Fund за 2012 година
„Панкот не е мртов“ награден на Фестивал во Копер
Неновски, Гилевски и Манев добитници на државната награда „23 Октомври“
Нови европски имиња вечерва на „Скопски џез-фестивал“
Сузан Сарандон го нарече папата нацист
(ВИДЕО) HTC го претстави новиот смартфон Sensation XL
Полскиот режисер Лех Мајевски воодушевен од „Браќа Манаки“
Ван Гог не се убил, туку е случајно убиен?
„Сетстат“ и Васил Хаџиманов Трио вечерва на Скопски џез-фестивал
Четири години од трагичната смрт на Тоше
Единаесетто издание на Недела на италијанскиот јазик во светот
Мики Манојловиќ добитник на „Златна камера 300” на „Браќа Манаки“
„Панкот не е мртов“ дефинитивно ќе се бори за „Оскар“
Тридецениски јубилеј со вонсериска програма
Мајкл Џексон самиот не ја проголтал смртоносната доза пропофол
„Унгарска есен“ утре и задутре во Скопје
Документарецот „Меџик Хил“ на фестивал во Милано
Писмо од Ајнштајн продадено за 14.000 долари
Завршува фестивалот на класична музика „Интерфест-Битола 2011“
Македонски режисер сними филм во Холивуд
Денеска почнува 7. фестивал на новиот германски филм
Гоце Мојсоски на „Менхант“ во Сеул
Биографската книга за Стив Џобс на водечката позиција на „Амазон“
Пол Макартни се жени по третпат
Ќерката на Били Боб Тортон осудена на 20 години затвор
Награда за македонскиот сатиричар Васил Толевски
Фрик фестивал по трет пат
Ларс Фон Трир повеќе нема да зборува јавно
Томас Транстромер добитник на Нобеловата награда за книжевност
Фестивалот „Браќа Манаки“ се отвора со „Крвта што проштава“
Нема случајност, туку лош однос кон филмот
Трајче Кацаров е добитникот на наградата „Григор Прличев“
ФОТОГАЛЕРИЈА - На снимањето на „Трето полувреме“
Продолжуваме да го одиме патот на сонцето
Кандидатурата за Оскар на „Панкот...“ ќе биде прифатена
Две меѓународни награди за проектот „Amazing Macedonia“
„Епл“ го претстави најновиот iPhone 4S
Поемата „Ако“ ја освои наградата „Григор Прличев“
(ЕКСКЛУЗИВНО) Сите детали за утрешниот концерт за Тоше
„Мајки” и Манчевски на филмскиот фестивал во Варшава
„Дијалог“ ќе им подари книги на десет библиотеки
Википедија на македонски јазик надмина 50.000 статии
Премиера на новиот проект на Драган Даутовски
Да го направиме одново ѕвезденото небо за Тоше
Култното германско дуо „Маус он Марс“ вечерва на „Десонанз“
„Панкот не е мртов“ денеска премиерно во Лондон
Фестивал на занаетчиите во Старата скопска чаршија
Густав Малер за старт на сезоната на Филхармонија
„Маус он Марс“ главни ѕвезди на „Десонанз“
Весна Јакимовска на Мис на светот во Лондон
„Амазон“ го претстави својот таблет Kindle Fire
„Ромео и Јулија“ најдобра на 36. МОТ
Наградата на „Екс понто“ ни отвори многу перспективи
Полански ја прими наградата за животно дело
Македонски стрип меѓу најдобрите на Салонот во Белград
„Епл“ на 4. октомври ќе го претстави iPhone 5
ФОТО - Катарина во сета своја раскошна убавина
МОТ завршува со две претстави и концерт на „Биоскопија“
„Гугл“ денеска го слави 13. роденден
Цела недела дизајн во Скопје
Литванската „Ромео и Јулија“ вечерва на МОТ
Маја Лазаревска на „Мис бикини интернационал“ во Кина
Почина Серџо Бонели - авторот на Загор, Мистер Но и Дилан Дог
Професорка, докторка и стујардеса му вадат душа на Тони Зен
Два филма на Киро Урдин премиерно во Кинотека
Парис Хилтон ги шокираше Индијците
Хит-претставата „Господа Глембаеви“ вечерва на МОТ
Веста Вилијамс пронајдена мртва
Две претстави и концерт денеска на МОТ
„Пета“ со порно сајт за заштита на животните
Дали Ајнштајн згрешил?
„Фејсбук“ го претстави новитетот „Тајмлајн“
Гитаристот Владимир Четкар го освојува и Лондон
Тенорот Благој Нацоски ја почнува новата концертна сезона

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 13°C

Претежно облачно

Недела
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 6°C

Понеделник
Ситен дожд
Макс: 18°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |