Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
23.10.2011, 13:04
Македонија го одбележува Денот на револуционерна борба




Во Република Македонија денеска се одбележува 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба.

По тој повод, во свечената сала во Собранието на Република Македонија на пладне на добитниците ќе им биде врачена државната награда „23 Октомври“ за 2011 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историско наследство на Република Македонија.

Добитници на оваа награда се проф. д-р Томе Неновски, за наука и за образование, писателот Паскал Гилевски и ликовниот уметник Коле Манев.

Централната прослава на Денот на македонската револуционерна борба, на која ќе се обрати претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ќе се одржи вечер во Македонската опера и балет.

Во рамките на одбележувањето на 23 Октомври денеска во паркот „Жена“ во Скопје ќе биде откриен споменикот на македонските бранители кои загинаа во конфликтот во 2001. На откривањето на споменикот ќе присуствува владина делегација, претставници на Здружението на членовите на семејствата на загинатите, на полициск��от и на армискиот синдикат и други личности. Споменикот е изграден со одлука на Општина Центар, а идејното решение е на скулпторот Киро Мукаедов. На бронзената плоча на паметникот се испишани имињата на сите убиени припадници на вооружениети сили на Македонија во конфликтот во 2001 година.

Делегација на Владата на Република Македонија ќе положи свежо цвеќе пред спомениците на Даме Груев и Гоце Делчев на плоштадот Македонија во Скопје.

По повод 23 Октомври во целата земја се одржуваат низа манифестации и одбележувања. Во Општина Илинден ќе биде отворено модуларно средно и основно училиште, а во прилепското село Беровци монтажно училиште.

Македонија годинава по петти пат го празнува 23 Октомври како државен празник. На овој ден 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.

Формирањето на ВМРО значеше почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање модерна самостојна македонска држава.



Статијата е прочитана 903 пати.

Испрати коментар



Филе ги игнорира реакциите од Македонија
„Топлификација“ побара поскапување на парното
Место сведочење, писмен исказ од заштитниот сведок
СДСМ обвинува за применување селективна правда
Владата ќе испрати 100 илјади евра помош во Турција
Стотина загинати во експлозија на цистерна во Сирт
Од урнатините извадено бебе старо 14 дена
„Фич“ - Банкротот на Грција е неизбежен
Арифи - Извештајот на Европската Комисија е позитивен
Попоски до Филе - Бришењето на придавката „македонски“ да не се повтори!
Бензините и дизелот поскапуваат за еден денар
Тетовец се задушил во својот стан
Нов штрајк на вработенте во јавниот превоз во Атина
Најмалку 366 загинати и 1.301 повредени во земјотресот во Турција
Ламерс - Расте притисокот врз Македонија за НАТО
Гадафи погребан на тајна локација во либиската пустина
Министерот Попоски во посета на Европскиот парламент
Македонските институции во одбрана на идентитетот
Лидерите на ЕУ согласни да ја спасуваат Грција
Босанскиот претседател во посета на Македонија
Земјотрес од четири степени во Битола
Околу илјада жртви во катастрофален земјотрес во Турција
Лидерите на ЕУ ќе кројат план за спас на еврото
Уапсен и најстариот син на Гадафи, Саиф ал-Ислам
Прегазен пешак кај Сарај
Почина саудискиот принц престоло наследник
КФОР се обиде да ги деблокира патиштата кон Брњак
Гадафи изнел над 200 милијарди долари од Либија
СДСМ покрена постапка за утврдување на одговорноста за пропаѓање на пописот
Амнестија за Ахмети по празникот!
Пешевски оптимист за реализација на странските инвестиции
Обвинетите од „Фаланга“ добија над 70 години затвор
ОН побараа истрага за смртта на Гадафи
Непозната судбината на синот на Гадафи, Сеиф ал Ислам
Бесими-Чеку - Заедничка цел е членството во НАТО и во ЕУ
Наскоро издавање градежни дозволи по електронски пат
Поповски во посета на Приштина, Чеку во Скопје
Грчкиот парламент ги изгласа мерките за штедење



Jaz, 23.10.2011 14:25:20
Prvoto oficijalno ime na organizacijata zapishano vo dokumentite (prviot ustav) e Blgarski makedono-odrinski revolucionerni komiteti.
Kire, 24.10.2011 07:51:23
Дали можете да објавите фотографии од оргиналниот текст од оснивачкото собрание на МРК, да видиме на кој јазик е напишан и што точно пишува. Тогаш на сите македонци ќе ни стане јасно за што се борела ВМРО.
zare, 24.10.2011 11:15:15
Да ви е честит празникот на создаването на БМОРК (Бугарски македоно-одрински револуционарен комитет)!
didovan, 24.10.2011 12:24:01
На Солунскиот конгрес на организацијата во 1896 е дадена задача на Гоце Делчев и Ѓорче Петров да подготват устав и правилник. Според првиот устав, организацијата е наречена Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети (БМОРК). Под ова име, организацијата постои се до 1902 година, кога го променува името во Тајна македоно-одринска револуционерна организација (ТМОРО). Во 1905 година, организацијата го променува името во Внатрешна македоно-одринска револуционерна организација (ВМОРО). http://www.promacedonia.org/gd2/gd_galerija.html
kaktus, 24.10.2011 14:10:32
Дајте еднаш кажете ја вистината за ВМРО. По формирањето на Револуционерниот комотет во Солун, организацијата продолжи како Тајна македонско одринска револуционерна организација под чие знаме се дигна Илинденското востание. Името ВМРО го доби во 1905 на рилскиот конгрес кога за претседател е избран бугарот Тодор Александров експонт на бугарскиот двор. Од овај момент организацијата е ставена вво служба на бугарскиот двор што продолжи и во времето кога за претседател е избран профашистот Ванчо Михајлов кој спроведе терор до расформирањето во 1929 година.
Goran, 24.10.2011 21:00:44
Alo jaz i zare, vie ili nikogas ne ste procitale kniga, ili namerno provocirate so gluposti. Vo vremeto koga TMORO se formirala, bila potpomognata od Bugarskata strana, so oruzja i informacii. Toa neznaci deka organizacijata bila formirana od Bugari... Bugarite si imale svoja cel koja sto ja vidovme za vreme na Balkanskite vojni i posle Blakanskite vojni. Ako vo Makedonija ziveele Bugari, zosto togas ne gi precekale so otvoreni race vo Makedonija za vreme na Blakanskite i za Vreme na prvata i vtorata svetska vojna? Eh... od lugje kako vas mi se gadi...

ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 7°C

Делумно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 18°C, Мин: 6°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 16°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |