22.10.2011, 13:52 Гадафи изнел над 200 милијарди долари од Либија
Убиениот либиски лидер Моамер Гадафи тајно изнесол од Либија и во странство инвестирал повеќе од 200 милијарди долари, што е двапати повеќе отколку што претходно проценувале западните земји, пишува весникот „Лос Анџелес тајмс“.
Повикувајќи се на анонимни високи либиски претставници, весникот објави дека американската администрација била изненадена кога пролетта открила дека либискиот режим има 37 милијарди долари на сметки и инвестиции во САД. Веднаш потоа овие средства биле замрзнати, за Гадафи и неговите соработници да не можат да ги користат.
Владите на Франција, Италија, Англија и Германија досега преземале контрола над уште околу 30 милијарди долари кои дошле од Либија.
Претходно, истражните органи проценија дека Гадафи во странство изнесол уште околу 30 милијарди долари, што вкупно изнесува околу 100 милијарди долари, наведува американскиот весник.
„Лос Анџелес тајмс“ пишува дека дополнителните истраги на американските, европските и либиските експерти откриле дека поранешниот либиски лидер долги години тајно испраќал во странство уште десетици милијарди долари и поволно инвестирал во речиси секоја поголема држава, вклучувајќи добар дел и од ��емјите на Блискиот Исток и Југоисточна Азија.
Добар дел од овие пари ги вложиле институциите на либиската влада, како што се Централната банка на Либија, Либиската инвестициска управа, Либиската странска банка, Либиската национална нафтена корпорација, Либиската агенција за инвестиции во Африка.
Според истражувачите, Гадафи и членовите на неговото семејство имале пристап до сите тие финансиски средства и можеле да ги повлекуваат кога сакаат.
|
|
Статијата е прочитана 1592 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Skopje Times, 22.10.2011 14:44:20 | Dobro be, go utepavte celo semejstvo, neli e dosta? Zosto bi gi iznesuval tie pari i koga bi gi koristel, ako ne gi koristese vo edna vakva situacija? Ako investiral nekoj, investirala Libija, zvanicni institucii koi vprocem i sega mozat da raspolagaat so tie pari. Ili ke gi zakopaat zaedmo so Gadafi? |
| леле, 22.10.2011 15:26:46 | либискоит режим инвестирал, а му ги смрзнале парите на гадафи и соработниците... истите пари? |
| BRISEL, 22.10.2011 15:39:14 | Dokaz deka NATO ne e cesen da go odrzit obekanjeto koe go dade za obnova na Libija. Sega znacit problem za izgradba na razrusena Libija poftorno e Gadafi so ovie 200 miljardi ?? |
| Od fakelaki, 22.10.2011 21:07:25 | Imase samo eden Kral nad Kralevite i toa bese Aleksandar Makedonski site ostalite se hostapleri diktatori i denesnive fasisti................ |
| Македонец во САД, 23.10.2011 02:28:55 | Колку е поголема лагата, толку повеќе луѓе ќе веруваат во таа лага
- Адолф Хитлер - |
| Ljubotan-Trade Name, 23.10.2011 06:23:20 | Letoska , slusnav koj ce gi plati troskovite na Nato-Usa za voenite troskovi,Eden komeniator od Nato rece Libija! Libija ima 50 miliardi $ vo Evopskli investicii, 50 Milisrdi vo EU EURO 50 Mil.vo Italila.5o milIARDI vo Zlatni podlogi i 50 miliardi vo Kes-Gotovina! Imame Koj ce Plati!Libija Hranese DVE MILIONSKI familii NIZ CELIOT SVET! A ovie ,,Zapsdni Demokrati Pljackasi -SO DRUGI ZBOROVI JA OGRABIJA-Opljackaa LIBIJA! |
|
|
|
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 13°C
Претежно облачно
|
Недела
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 6°C
|
Понеделник
Ситен дожд
Макс: 18°C, Мин: 4°C
|
|
|
|
|
|