Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
25.10.2011, 14:45

Арифи: Извештајот на Европската Комисија е позитивен




Опозицијата препознава два различни става во Владата за евроатлантското интегрирање на Македонија

Извештајот на ЕК е позитивен пред се поради фактот што ја повторува препораката за почнување на преговори. Тој е битна ориентација за нас како држава за тоа како треба да се насочуваме во однос на реформите и приоритетите во однос на ЕУ, оцени вицепремиерот Теута Арифи, на денешната седница на Национален совет за евроинтеграции на која се расправаше за Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2011 година.

Тој е битна ориентација за нас како држава за тоа како треба да се насочуваме во однос на реформите и приоритетите во однос на ЕУ, истакна Арифи, на денешната седница на Национален совет за евроинтеграции на која се расправаше за Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2011 година.

Осврнувајќи се на повеќе делови од Извештајот, политички и економски, таа потенцира дека многу е важно брзо да се пристапи кон конкретно адресирање на сите прашања кои се нотирани во него. Во заклучна фаза, информира Арифи, е вториот Акционен план во кој се дадени ��адачите кои имаат рок за реализирање до крајот на мај 2012, а до средината на декември ќе биде завршена и новата Национална програма за идната година.

- Ќе успееме како земја со добра волја, очекувајќи добра волја и од Атина да го надминеме проблематичниот спор, кој за жал, меѓу другото ги држи блокирани нашите евроатлантски процеси, рече вицепремиерот Арифи.

Потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев, го нарече Груевски најголем евроскептик и побара од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го сменат од премиерската функција. “Груевски призна дека не знае каде оди бродот наречен Република Македонија. Во едно интервју призна дека е слаб и дека нема што да правиме. Сите што ќе влезат во националистичката логика на премиерот ќе имаат одговорност дека не го препознале ова драматично признание“, рече Георгиев.

Претседателката на Советот, Радмила Шеќеринска, посочи на два спротивни става во владејачката коалиција: Од една страна премиерот Груевски, како претставник на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека заклучоците на ЕК не се објективни, а од друга страна вицепремиерката за евроинтеграции од ДУИ, Теута Арифи, тврди дека извештајот е реална слика на состојбите. „Се плашам како ќе го решава Владата ова прашање, кога нема единствена позиција за него“, рече Шекеринска.

Според Антонио Милошоски, со самото тоа што во Извештајот по трет пат се повторува препораката за почнување на преговорите за членство, го верификува капацитетот на Република Македонија, институционален и политички, за нејзината зрелост да ги почне преговорите за членство. Милошоски повика Националниот совет со заклучок да ја повика ЕК во рамки на европските принципи да има пристап кој ќе значи должно почитување на културните, политичките, јазичните и другите различности во Македонија, а првенствено на употребата на придавката македонски.

- Самата мотивација за реформи треба да бидеме свесни дека не зависи само од ентузијазмот во Македонија, ниту пак само од надлежноста и мотивацијата што доаѓа од Владата. Тој ентузијазам и мотивација треба да се зема од двете страни и да се дава дополнтиелна енергија и од самата ЕУ, рече меѓу другото Милошоски, додавајќи оти уште во 2009 година Македонија го испорача односно ги пресретна политичките критериуми кои се неопходниот минимум за почнување преговори за ченство во ЕУ. Свесни сме, подвлече тој, дека проблемот создаден од грција е главната пречка, но цениме, рече, таа пречка не би требало до бесконечност да го држи во заложништво процесот на интегрирање на Република Македонија.







Статијата е прочитана 342 пати.

Испрати коментар



Акцијата „Ден на дрвото“ во третата недела од ноември
Светска банка ќе ни гарантира за 100 милиони евра
Собранието расправа за Извештајот на ЕК за Македонија
ВМРО-ДПМНЕ со критики за начинот на владеење на СДСМ
Казни за 14 здравствени установи и нивните директори
Се бара сослушување на осомничениот педофил од ОБСЕ
Проститутките во Бугарија годишно заработуваат 215 милиони евра
ЕУ во Авганистан останува и по 2014 година
ОН - До 2100 во светот ќе има десет, а можеби и 15 милијарди луѓе
Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиуми во Македонија
Реџепи - Косово подготвува акција на северот на Косово
Реакција на МНР за дезинформации за средбата Попоски - Филе
Јанкуловска во посета на Москва
Прилепчанец загина откако со автомобилот паднал во река
Три жртви во невремето во северна Италија
Обама - Смртта на Гадафи е силна порака до диктаторите
Филе ги игнорира реакциите од Македонија
„Топлификација“ побара поскапување на парното
Место сведочење, писмен исказ од заштитниот сведок
СДСМ обвинува за применување селективна правда
Владата ќе испрати 100 илјади евра помош во Турција
Стотина загинати во експлозија на цистерна во Сирт
Од урнатините извадено бебе старо 14 дена
„Фич“ - Банкротот на Грција е неизбежен
Попоски до Филе - Бришењето на придавката „македонски“ да не се повтори!
Бензините и дизелот поскапуваат за еден денар
Тетовец се задушил во својот стан
Нов штрајк на вработенте во јавниот превоз во Атина
Најмалку 366 загинати и 1.301 повредени во земјотресот во Турција
Ламерс - Расте притисокот врз Македонија за НАТО
Гадафи погребан на тајна локација во либиската пустина
Министерот Попоски во посета на Европскиот парламент
Македонските институции во одбрана на идентитетот
Лидерите на ЕУ согласни да ја спасуваат Грција
Босанскиот претседател во посета на Македонија
Земјотрес од четири степени во Битола
Околу илјада жртви во катастрофален земјотрес во Турција
Лидерите на ЕУ ќе кројат план за спас на еврото
Уапсен и најстариот син на Гадафи, Саиф ал-Ислам
Македонија го одбележува Денот на револуционерна борба



glasac, 25.10.2011 15:09:31
Eve i Arifi stanala vmrovska. Strasno nesto.
Itar Pejo, 25.10.2011 15:54:23
Popovski, vo imeto na Gruevski i Arifi mu se zablagodaril na Fle za pozitivniot izvestaj. Se ocekuva denovive i rektorite, kosarkarite, istoricarite, fudbalerite i drugi, da ispratat pisma so blagodarnost do File.
borce atanasov, 25.10.2011 20:27:38
Ne gledajde ja preporaklata tuku gadniot dvor vo drzavata ili podobro kazano sredete si gi necistoiite vo dvorot oti i vo unijata nema raspolozenie za prosiruvanje.pazite pred priem ste da ne padnete vo cekalna heeeeeeeeeeeeeeeeeeee
vladimir petrovski -dejure! schepanovic-xarizanov, 25.10.2011 20:36:06
da tuta hiv pozitiven e!!!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Среда
Претежно облачно
Макс: 18°C, Мин: 6°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 16°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |