25.10.2011, 16:55 „Топлификација“ побара поскапување на парното
Во целата бркотница околу ладните радијатори, „Топлификација“ деновиве поднесе до Регулаторната комисија за енергетика нови пресметки за трошоците според кои се бара зголемување на цената на парното греење поради поскапувањето на природниот гас за околу 19 отсто. Колкав процент се бара, не се открива, но неофицијално се зборува дека цената на парното би можела да скокне за нови 3 отсто.
Инаку, последен пат парното поскапи во август годинава за 3,13 проценти, а таа нова цена важи до крајот на годинава. Причината поради која се бараше поскапување беше зголемената цена на гасот и на мазутот, неостварениот приход на компаниите и намалениот број корисници.
И на почетокот од годинава скопјани добија повисоки сметки за парно за околу 3,63 отсто, а поскапувањето важеше за корисниците приклучени на „Снабдување исток“, „Снабдување запад“ и „Снабдување центар“, додека за потрошувачите од „Скопје север“ сметките беа намалени за околу 2,51 проценти.
|