Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
25.10.2011, 11:24
Ламерс: Расте притисокот врз Македонија за НАТО  




„Сакаме спорот за името да се реши пред Македонија да стане членка на НАТО. Се потпираме на напорите и разговорите кои ги модерираат ОН“, вели претседателот на Парламентарното собрание на НАТО и член на германскиот Бундестаг.

„Членството на Македонија во НАТО ќе има големо значење и за неа, но и за Алијансата. Наспроти целиот ангажман, меѓутоа, факт е дека членството во НАТО и натаму за Македонија е „замрзнато“ поради нерешениот спор за името“, вели за радио Дојче Веле, Карл Ламерс, претседател на Парламентарното собрание на НАТО и член на германскиот Бундестаг.

„Условите се јасни. Сакаме спорот за името да се реши пред Македонија да стане членка на НАТО. Се потпираме на напорите и разговорите кои ги модерираат ОН“, вели Ламерс и дополнува оти клучот е во рацете на двете земји, односно дека Македонија и Грција мораат сами да придонесат за конечно решение на спорот.

Прашан дали доколку спорот не се реши до наредното проширување, Македонија на неопределен рок ќе остане пред вратата на НАТО, Ламерс одговара дека не верува во такво нешто и оценува оти е тешко да се определи временска рамка и конкретно да се каже.

- Но, сметам дека притисокот се зголемува. Расте желбата на НАТО и Европската унија оваа земја да се интегрира и да се прифати. Се надевам дека постоечкиот притисок води кон тоа. Преку Обединетите нации, преку Македонија и Грција да биде пронајден вистинскиот пат. Јас сум повеќе оптимист, отколку песимист, коментира Ламерс.

На прашањето дали е етички и во европски дух поканата да се условува и некому да се вети членството под услов да си го смени името, Ламерс вели дека има предуслови кои мора да се исполнат и се однесуваат на сите држави кои сакаат да станат дел од една меѓународна институција или организација како ЕУ и НАТО.

- Мора да се разбере дека сакаме земјата да ја прифатиме тогаш, кога постоечките проблеми ќе се надминат. Ова не се однесува само на Македонија, туку и на секој друг случај. Имаме предуслови кои мора да се исполнат и се однесуваат на сите држави кои сакаат да станат дел од една меѓународна институција или организација како ЕУ и НАТО. Сега во прашање е нерешениот спор околу името. Разбирливо е што не се сака кавгата да се внесе во организацијата на НАТО. Затоа ќе повторам: се надевам и посакувам проблемот скоро да се реши, со што Македонија со раширени раце ќе биде прифатена и вклучена во НАТО, изјави Ламерс.

Според него, расположението кон Македонија во Парламентарното собрание на НАТО е мошне позитивно и се ценат напорите што ги вложува земјата во реализирање на вредностите на Алијансата.

- Сто и шеесет македонски војници се во ИСАФ, ги има и во ЕУ-операцијата АЛТЕА, во УНИФИЛ. Вкупно 190 војници се во различни меѓународни мировни мисии и ваквиот ангажман се почитува. Затоа и во 2009 во Букурешт Македонија доби јасна перспектива за членство. Сега се чека само решението на спорот со името. Ќе се радуваме Македонија скоро да стане членка на НАТО. Таа може многу да придонесе за поголема стабилност во регионот, нагласува Карл Ламерс, претседател на Парламентарното собрание на НАТО и член на германскиот Бундестаг.













Статијата е прочитана 2301 пати.

Испрати коментар



Акцијата „Ден на дрвото“ во третата недела од ноември
Светска банка ќе ни гарантира за 100 милиони евра
Собранието расправа за Извештајот на ЕК за Македонија
ВМРО-ДПМНЕ со критики за начинот на владеење на СДСМ
Казни за 14 здравствени установи и нивните директори
Се бара сослушување на осомничениот педофил од ОБСЕ
Проститутките во Бугарија годишно заработуваат 215 милиони евра
ЕУ во Авганистан останува и по 2014 година
ОН - До 2100 во светот ќе има десет, а можеби и 15 милијарди луѓе
Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиуми во Македонија
Реџепи - Косово подготвува акција на северот на Косово
Реакција на МНР за дезинформации за средбата Попоски - Филе
Јанкуловска во посета на Москва
Прилепчанец загина откако со автомобилот паднал во река
Три жртви во невремето во северна Италија
Обама - Смртта на Гадафи е силна порака до диктаторите
Филе ги игнорира реакциите од Македонија
„Топлификација“ побара поскапување на парното
Место сведочење, писмен исказ од заштитниот сведок
СДСМ обвинува за применување селективна правда
Владата ќе испрати 100 илјади евра помош во Турција
Стотина загинати во експлозија на цистерна во Сирт
Од урнатините извадено бебе старо 14 дена
„Фич“ - Банкротот на Грција е неизбежен
Арифи - Извештајот на Европската Комисија е позитивен
Попоски до Филе - Бришењето на придавката „македонски“ да не се повтори!
Бензините и дизелот поскапуваат за еден денар
Тетовец се задушил во својот стан
Нов штрајк на вработенте во јавниот превоз во Атина
Најмалку 366 загинати и 1.301 повредени во земјотресот во Турција
Гадафи погребан на тајна локација во либиската пустина
Министерот Попоски во посета на Европскиот парламент
Македонските институции во одбрана на идентитетот
Лидерите на ЕУ согласни да ја спасуваат Грција
Босанскиот претседател во посета на Македонија
Земјотрес од четири степени во Битола
Околу илјада жртви во катастрофален земјотрес во Турција
Лидерите на ЕУ ќе кројат план за спас на еврото
Уапсен и најстариот син на Гадафи, Саиф ал-Ислам
Македонија го одбележува Денот на револуционерна борба



Novajlija, 25.10.2011 13:28:17
Ako tolku sakaat, neka i kazdat na Grcija da bude, barem ednas poslusna, pa da se otkaze od sporot za navek, i da priznae se sto treba da priznae, pa i neka ne primam , nie nemame protiv!?
Sasho Manevski, 25.10.2011 15:32:34
Samo uste edna potvrda na Karl Lamers za dvolicnosta na NATO. Razbirlivo e shto ne se saka kavgata da se vnese vo NATO. Kako togash Turcija i Grcija stanale clenki vo NATO koga i dvete se uste imaat kavgagjiski stav okolu Kipar? Ako NATO saka Makedonija da vleze vo alijansata toghash neka go smeni svojot arhaicen nacin na primanje clenki koj soodvetuva na edna umrena Geopoliticka situacija vo koja Sovetskiot Sojuz beshe broj eden neprijatel!!
Svetec, 25.10.2011 17:18:40
Drn drn jarinja. Batalete Natoubistvo. Ne ni sakaat dobro. Gledajte zivot, bez niv!
ПРАШАЊЕ, 25.10.2011 17:43:42
Треба ли коментар на ова? Кому нешто не му е јасно?
Od fakelaki, 25.10.2011 21:05:52
Hehe jas nebi mu go smenal imeto na mojot pes pa kamo li na Makedonija za vasa posrana bankrut eu i fasisticki nato..............

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Среда
Претежно облачно
Макс: 18°C, Мин: 6°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 16°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |