25.10.2011, 13:40 Бензините и дизелот поскапуваат еден денар
Цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 78,00 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 79,50 денари, Еуродизелот 68,50, а екстра лесното масло за домаќинство 57,50 денари
Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за еден денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница.
Цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 78,00 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 79,50 денари, Еуродизелот 68,50, а екстра лесното масло за домаќинство 57,50 денари.
Се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС која ќе изнесува 42,35 денари за килограм.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14. дневен период изнесуваше 111,28 долари за барел и е за 5,05 осто повисока од просечната цена на сурова нафта (105,926 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатите 14 дена изнесуваше 44,6676 денари и е за 2,26 отсто понизок од курсот на доларот (45,6991 ден/$) по кој беа формирани цените.
|