Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
26.10.2011, 14:17

Собранието расправа за Извештајот на ЕК за Македонија


Пратениците од владејачкото мнозинство и од опозицијата денеска во Собранието ги спротивставија ставовите околу последниот Извештај на ЕК за напредокот на Македонија.

За власта документот трет пат потврдува дека земјата ги спроведува реформите и треба да ги почне преговорите за членство во ЕУ, а опозицијата тврди дека ја покажал реалната состојба на забавени реформи и стагнација.

Извештајот трет пат го потврдува фактот дека Македонија на чело со оваа Влада, ова Собрание како закнодавен дом и ова општество има капацитет и заслужува препорака за почнување пристапни преговори со ЕУ, го има постигнато реформскиот курс и политичките критериуми за да добие препорака. Вака пратеникот Антонио Милошоски и реплицираше на Радмила Шекеринска, која ја обвини власта за водење политика што не дава резултати.

- Секоја може од кои било причини да предвидува нешто, да кажува или да ја извртува вистината. Но, фактот е еден, не 2006, туку 2009 беше првата година кога Република Македонија доби историски позитивен извештај со првпат добиена препорака за почнување преговори за членство, а лани и годинава е потврден. Можеме кол��у сакаме да бараме игла во сеното, но мора да сфатиме дека македонската јавност знае, политичката јавност знае, дипломатската јавност знае, единствената суштинска и досега постоечка причина зошто Македонија не ги почна преговорите за членство е блокадата од страна на една земја-членка. Таа блокада не е од 2009, ниту од 2006, ја чувствуваме од 1992 година на различни нивоа, во различни сегменти. Ако некој сака да заборавиме дека Грција не попречува во почнувањето на преговорите, тогаш можеме да дискутираме три-четири дена, но тоа е факт, подвлече Милошоски.

Владата на Груевски, додаде, е прва во историјата на македонскиот народ што успеа да стигне до долго посакуваната визна либерализација, да се отвориме кон ЕУ, македонските граѓани да станат европски и да можат слободно да патуваат со цел општеството повеќе да се европеизира. Тоа е факт што не може да се негира.

Шекеринска во излагањето порача дека битката за зачувување на македонскиот јазик не се води дома, туку во Брисел и Стразбур, но прашањето е со каква политика тоа ќе се постигне. Актуелната, рече, на антиквизација и на создавање непријатели, не дава резултати и е поразителна.

- Ако до 2006 година јазикот беше македонски во секој извештај, а државата стануваше земја кандидат и покрај спорот со Грција, САД донесе одлука за признавање под нашето уставно име, зошто оттогаш до денес драматично ги губиме позициите? Нашите квазипатриоти повеќе ја сакаат власта отколку државата. Затоа за македонскиот јазик зборуваат тука, но молчат кога се во Брисел, Париз, Берлин, и не излегуваат со аргументи, рече Шекеринска.

Според неа, оваа година, кога огледалото ја соопшти вистината, дека реформите се забавени, состојбите во судството и администрацијата се влошуваат, слободата на медиумите е задушена, а корупцијата цвета, премиерот Груевски се одлучи на драматичен пресврт, да го скрши.

- Тоа беше неговиот единствен одговор кој, сепак, не ја смени реалноста, дека Македонија денес се соочува со уште поголеми проблеми од пред неколку години, истакна Шекеринска, додавајќи дека Македонија седум години не може да мрдне од кандидатскиот статус и три не добива датум за почеток на преговори.

Таа сугерираше Собранието да каже дека е неопходно формирање кризен штаб, на што Милошоски и порача таков штаб да формира СДСМ.

- По однос на кризниот штаб за кој повикувате, за економски, политички, вакви или онакви кризи, ако ви треба, формирајте си во СДСМ зашто очигледно во вашата партија постојат превирања, рече Милошоски.

За денешната дискусија по Извештајот на ЕК се пријавени повеќе пратеници.




Статијата е прочитана 154 пати.

Испрати коментар



Ставрески - Оценката на „Фич“ сигнал за странските инвеститори
Тепачка во италијанскиот парламент
Парична помош од Градот Скопје за настраданите во Турција
Грчките медиуми за Самитот на ЕУ - Избегнат национален банкрот
Потпишан договор за соработка меѓу македонското и руското МВР
Црвенковски - Не сум вечен, но останувам на чело на СДСМ
Четири чекори за излез од кризата на еврозоната
Иванов - Спортот има моќ да сплотува
На 30 октомври почнува зимското сметање на времето
Путин бесен поради објавените снимки на Гадафи
Пораст на цената на нафтата по самитот во Брисел
Европа и прости половина долг на Грција
На жена во Хрватска по грешка и извадиле здрав бубрег
Предлог-законот за минимална плата влегува во владина процедура
МПЦ до Филе - Брисел застана против фактите
Акцијата „Ден на дрвото“ во третата недела од ноември
Светска банка ќе ни гарантира за 100 милиони евра
ВМРО-ДПМНЕ со критики за начинот на владеење на СДСМ
Здравствени менаџери казнети со 15 отсто помала плата
„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма
Со овој револуционерен чекор на македонскиот медиумски пазар, Утрински весник и другите два дневни весника во сопственос...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 17°C

Делумно облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 16°C, Мин: 2°C

Петок
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |