26.10.2011, 14:48 Ф1-трка во Њу Џерси од 2013 година
Формула 1 ќе почне да навратува во Њу Џерси од 2013 година потврди гувернерот на американската сојузна држава.
Објавата подразбира дека САД ќе бидат домаќини на две трки Гран-при во иднина, имајќи предвид дека од следната година во Остин ќе се организира ГН на САД. Меморандумот за разбирање потпишан од соодветните институции гарантира одржување Гран-при на Америка во текот на десет години.
„Задоволен сум што Њу Џерси ќе биде домаќин на Формула 1 почнувајќи од 2013 година, донесувајќи го еден од најпопуларните и највозбудливи спортови во светот пред нашиот нос“, се вели во соопштението на гувернерот Крис Кристи. „Трката ќе се одржува на патека долга 3,2 милји (околу 5,3 км) на постоечкиот пат низ пристаништето Порт Империјал и на врвот од Палисејдс во Вихоукен и Западен Њујорк. Околу сто илјади луѓе се очекува да присуствуваат на секоја трка, почнувајќи од петочните тренинзи, преку саботните квалификации до трката в недела. Луѓе од целиот свет ќе дојдат во Њу Џерси за да ја видат оваа единствена и возбудлива патека“.
Сопственикот на комерцијалните права во Формула 1, Берни Еклстоун, со години се залагаше за одржување гран-при во мегалополисот на североистокот н�� САД, но тој допрва треба да ја потврди новата трка.
|