Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
28.10.2011, 14:11
Ладни радијатори - жешка цена, парното пак поскапува




Цената на парното греење од 1 ноември ќе скокне за 7,2 до 13,29 проценти, а ново поскапување следува по два месеца

Маја Томиќ

Додека граѓаните деновиве се' погласно реагираат незадоволни од ладните радијатори во домовите, и покрај почната грејна сезона, сега имаат уште една причина за нервоза. Од наредниот месец ќе плаќаат поскапо парно.

Новиот шок врз нивните џебови вчера им го соопшти Регулаторната комисија за енергетика, која им ги призна зголемените трошоци на производителите и на дистрибутерите на топлинска енергија. Така, од 1 ноември ова греење поскапува за 7,2 и за 9,6 проценти за корисниците на „Топлификација“ и за 13,29 проценти за корисниците на топланата „Скопје - север“. Новите цени ќе се однесуваат само за ноември и за декември годинава, а од јануари ќе имало нови пресметки и корекции на цените. Финалната одлука, односно точните проценти на поскапувањето кои ќе ги опредеи Комисијата, ќе се соопштат после редовната седница во понеделник.

Според моменталните пресметки, како што соопшти вчера претседателот на Регулаторна, Димитар Петров, домаќинствата кои плаќаат за греење 12 месеци од „Топлификација“ ќе добијат поголеми сметки за 7,2 проценти, а сметките за домаќинствата кои плаќаат за топлинска енергија само во грејната сезона ќе бидат повиоски за 9,6 проценти. Најдебели сметки ќе плаќаат корисниците на топланата „Скопје - север“ каде парното греење ќе биде поскапо за дури 13,29 отсто, иако најголем дел од барањата за исклучување досега се случија токму кај нив, поради незадоволството од услугите на „Топлификација“. Топлинските компании сакале и повеќе. Според барањата кои до РКЕ ги доставиле, „Топлификација“ побарала зголемување од околу 13 проценти, а „Скопје север“ за 15 проценти. На првичните пресметки кои ги соопшти Регулаторна по вчерашната подготвителна седница компаниите доставиле забелешки поради тоа што РКЕ ги вкалкулирала во сегашните пресметки нивните трошоци до јуни годинава, а кои биле во износ од 26 милиони денари.

Петров вчера појасни дека одлуката за поскапувањето на парното е како резултат на порастот на цената на природниот гас за 19,6 проценти во четвртиот квартал, што предизвикало зголемени трошоци во производството на топлинска енертгија. Всушност, тоа и беше посочено како причина од страна на скопските топлани кои неодамна поднесоа до РКЕ барање за зголемени трошоци, односно за покачување на цената.

Инаку, пртеходно парното поскапе во август годинава за 3,13 проценти и новата цена требаше да важи до крајот на годинава. Причината поради која тогаш се бараше нова цена беше зголемувањето на цената на гасот и на мазутот, како и неостварениот приход на компаниите и намалениот број на корисници. И на почетокот од годинава скопјани добија повисоки сметки за парно за 3,63 отсто. Поскапувањето важеше за корисниците приклучени на „Снабдување - исток“, Снабдување - запад“ и „Снабдување - центар“, додека за потрошувачите од „Скопје - север“ сметките тогаш беа намалени за околу 2,51 проценти.






Статијата е прочитана 815 пати.

Испрати коментар



Распуштен Хрватскиот сабор, избори најверојатно на 4 декември
Саркози - Грција не беше подготвена за еврото
И Бугарите праќаат писма до Филе
Просечната бруто-плата 30.715, а нетото 20.912 денари
Седум жртви во поројните дождови во Италија
За 30 денари добила 125.000 евра
Малолетник силувал 84-годишна старица во Штип
Малолетник силувал 84-годишна старица во Штип
Одбраната на Брејвик ќе бара намалена казна
Меркел - Се уште не е совладана кризата на еврото
Ахмети се сретна со потпретседателот на Собранието на БиХ, Тихиќ
Обама - Договорот на еврозоната ги смири светските пазари
Момче извадено живо 108 часа по земјотресот во Турција
Усвоени заклучоците по Извештајот на ЕК за Македонија
Апелација ја укина пресудата за „Пензискиот столб“
Попоски - Нема да има отстапки кон Атина
Зоран Јолевски доби уште еден мандат
МАНУ - Македонскиот јазик е непобитен историски факт
Претседателот Иванов се сретна со принцот Алберт Втори од Монако
Пратениците расправаат за Извештајот на ЕК
КФОР - Делумното отворање на барикадите е позитивен, но недоволен чекор
Мијатовиќ - Има подготвеност за подобрување на состојбата во медиумите
Ставрески - Оценката на „Фич“ сигнал за странските инвеститори
Тепачка во италијанскиот парламент
Парична помош од Градот Скопје за настраданите во Турција
Грчките медиуми за Самитот на ЕУ - Избегнат национален банкрот
Потпишан договор за соработка меѓу македонското и руското МВР
Црвенковски - Не сум вечен, но останувам на чело на СДСМ
Четири чекори за излез од кризата на еврозоната
Иванов - Спортот има моќ да сплотува
На 30 октомври почнува зимското сметање на времето
Путин бесен поради објавените снимки на Гадафи
Пораст на цената на нафтата по самитот во Брисел
Европа и прости половина долг на Грција
На жена во Хрватска по грешка и извадиле здрав бубрег
Предлог-законот за минимална плата влегува во владина процедура



vlado, 28.10.2011 16:02:18
prerodbata prodozluva masala cela plata samo za smetki
Od Prijatel br-1, 28.10.2011 19:38:31
E nema i pare i jare ...........

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 14°C

Ведро

Сабота
Делумно облачно
Макс: 18°C, Мин: 1°C

Недела
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |