Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
28.10.2011, 15:11
Саркози: Грција не беше подготвена за еврото




Францускиот претседател Никола Саркози изјави дека одобрувањето прием на Грција во Еврозоната во 2001 година било грешка. Тој рече дека Грција во тоа време не била подготвена. Но, додаде тој, можела да се спаси благодарение на завчерашниот договор на ЕУ за должничката криза во Еврозоната.

Како реакција, министерот за надворешни работи на Грција изјави за Би-Би-Си дека Атина не е изворот на кризата, и дека ниту една земја не треба да биде жртвено јагне.
Договорот постигнат во Брисел предизвика скок на акциите во светот.

Во ТВ-интервју во четвртокот, Саркози призна дека приемот на Грција во Еврозоната бил грешка бидејќи земјата влегла со лажни (економски) податоци и дека не била подготвена“. Тој додаде дека бил убеден дека актуелната грчка влада би излегла од кризата и дека договорот од средата спречил „катастрофа“. „Ако Грција не ги исполнеше паричните обврски, ќе имаше домино-ефект што ќе ги повлечеше сите“, рече Саркози.

Во изјава за Би-Би-Си, грчкиот министер за надворешни работи Ставрос Ламбринидис изјави: „Грција е во центарот на бурата, но таа не е изворот на проблемите со европскиот долг и со дефицитите. Тоа го забележуваме во Португалија, Ирска, Шпанија и Италија. Значи, не помага да се жртвува одредена земја кога се справувате со европски проблем“.

Договорот има за цел да се спречи ширење на кризата во економиите од пошироката Еврозона, но лидерите изјавија дека треба да се заврши многу работа.

Уредникот на Би-Би-Си за бизнис Роберт Пестон јави дека лидерите на ЕУ купиле малку време, а пазарите ќе покажат дека одлуката била корисна за неколку недели или месеци.

Клаус Реглинг, главен извршен претставник на ЕФСФ, вчера имаше разговори во Пекинг, додека Еврозоната продолжи со напорите да ја убеди Кина – и другите економии во развој – да и' помогнат да се спаси од парализирачката должничка криза. Аналитичарите изјавуваат дека можните кинески инвестиции би можеле да изнесуваат до 100 милијарди долари, јави дописникот на Би-Би-Си од Пекинг. Но, Кина бара гаранции од Европа дека нејзините инвестиции ќе бидат безбедни, јавува дописникот. (Би-Би-Си)

Статијата е прочитана 1374 пати.

Испрати коментар



Распуштен Хрватскиот сабор, избори најверојатно на 4 декември
И Бугарите праќаат писма до Филе
Просечната бруто-плата 30.715, а нетото 20.912 денари
Седум жртви во поројните дождови во Италија
Ладни радијатори - жешка цена, парното пак поскапува
За 30 денари добила 125.000 евра
Малолетник силувал 84-годишна старица во Штип
Малолетник силувал 84-годишна старица во Штип
Одбраната на Брејвик ќе бара намалена казна
Меркел - Се уште не е совладана кризата на еврото
Ахмети се сретна со потпретседателот на Собранието на БиХ, Тихиќ
Обама - Договорот на еврозоната ги смири светските пазари
Момче извадено живо 108 часа по земјотресот во Турција
Усвоени заклучоците по Извештајот на ЕК за Македонија
Апелација ја укина пресудата за „Пензискиот столб“
Попоски - Нема да има отстапки кон Атина
Зоран Јолевски доби уште еден мандат
МАНУ - Македонскиот јазик е непобитен историски факт
Претседателот Иванов се сретна со принцот Алберт Втори од Монако
Пратениците расправаат за Извештајот на ЕК
КФОР - Делумното отворање на барикадите е позитивен, но недоволен чекор
Мијатовиќ - Има подготвеност за подобрување на состојбата во медиумите
Ставрески - Оценката на „Фич“ сигнал за странските инвеститори
Тепачка во италијанскиот парламент
Парична помош од Градот Скопје за настраданите во Турција
Грчките медиуми за Самитот на ЕУ - Избегнат национален банкрот
Потпишан договор за соработка меѓу македонското и руското МВР
Црвенковски - Не сум вечен, но останувам на чело на СДСМ
Четири чекори за излез од кризата на еврозоната
Иванов - Спортот има моќ да сплотува
На 30 октомври почнува зимското сметање на времето
Путин бесен поради објавените снимки на Гадафи
Пораст на цената на нафтата по самитот во Брисел
Европа и прости половина долг на Грција
На жена во Хрватска по грешка и извадиле здрав бубрег
Предлог-законот за минимална плата влегува во владина процедура



Berlin, 28.10.2011 16:02:21
Zamislete sto e politika,....Grcija ne bese spremna za evro sega ke kaze Sarkozi ,..dali e ova NOVAKONSTATACIJA,..se prasuvate,..? Koga Grcija poraca 80 milijardi roba od Francija nebare bese druga Grcija od segasnata ?? Se razbirame ,..ne treba mnogu komentari,..Makedonija da si ja gledat svojata rabota,..
Dragi, 28.10.2011 18:59:28
Ovoj e tolku korumpiran duri i italjanskata mafija mu zaviduva.
Od Prijatel br-1, 28.10.2011 19:43:05
Znaci poleka ali sigurno pocna da priznava deka e sve laga i falsifikat so pitacite nazdravje bricenjeto gore dolu 50 denari............

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 14°C

Ведро

Сабота
Делумно облачно
Макс: 18°C, Мин: 1°C

Недела
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |