Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
28.10.2011, 14:58
Седум жртви во невремето во Италија




Бројот на жртвите од невремето во италијанските региони Лигурија и Тоскана се искачи на седум загинати, откако денеска е пронајдено телото на еден Романец.

Телото го откриле пожарникари во реонот на Боргето Варај, која е најтешко погодената област во Лигурија. Жртвата била во посета на свој пријател, кој исто така починал.

Според најновите податоци на спасувачките екипи, како исчезнати се водат уште седум лица.

Во текот на ноќта автопатот Џенова-Ливорно беше повторно пуштен во сообраќај во двата правци, откако четири дена беше затворен поради лизгање на земјиште.

На вонредната седница италијанската Влада денеска прогласи вонредна состојба во областите погодени од поројните дождови и реши да доддели 65 милиони евра помош.

Населението од погодените области се уште нема електрична енергија, гас и вода за пиење. Луѓето кои останаа во своите домови немаат греење, а многу од нив се привремено сместени во хотели.

Локалните власти евакуираа 250 лица од историскиот локалитет Мулацо, на околу 10 километри од Аула во северниот дел на Тоскана, поради опасност од лизгање на земјиштето. Областа Специлија, каде се наоѓа одморалиштето Чинкве Тере, како и населбите Монтеросо и Вернаца и понатаму се отсечени од светот.

Според метеоролозите, за неколку часа наврнале меѓу 200 и 500 милиметри дожд, што предизвика излевање на реките, а оштетени се и неколку мостови. Поројните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето и реки од кал во неколку села.




Статијата е прочитана 242 пати.

Испрати коментар



Распуштен Хрватскиот сабор, избори најверојатно на 4 декември
Саркози - Грција не беше подготвена за еврото
И Бугарите праќаат писма до Филе
Просечната бруто-плата 30.715, а нетото 20.912 денари
Ладни радијатори - жешка цена, парното пак поскапува
За 30 денари добила 125.000 евра
Малолетник силувал 84-годишна старица во Штип
Малолетник силувал 84-годишна старица во Штип
Одбраната на Брејвик ќе бара намалена казна
Меркел - Се уште не е совладана кризата на еврото
Ахмети се сретна со потпретседателот на Собранието на БиХ, Тихиќ
Обама - Договорот на еврозоната ги смири светските пазари
Момче извадено живо 108 часа по земјотресот во Турција
Усвоени заклучоците по Извештајот на ЕК за Македонија
Апелација ја укина пресудата за „Пензискиот столб“
Попоски - Нема да има отстапки кон Атина
Зоран Јолевски доби уште еден мандат
МАНУ - Македонскиот јазик е непобитен историски факт
Претседателот Иванов се сретна со принцот Алберт Втори од Монако
Пратениците расправаат за Извештајот на ЕК
КФОР - Делумното отворање на барикадите е позитивен, но недоволен чекор
Мијатовиќ - Има подготвеност за подобрување на состојбата во медиумите
Ставрески - Оценката на „Фич“ сигнал за странските инвеститори
Тепачка во италијанскиот парламент
Парична помош од Градот Скопје за настраданите во Турција
Грчките медиуми за Самитот на ЕУ - Избегнат национален банкрот
Потпишан договор за соработка меѓу македонското и руското МВР
Црвенковски - Не сум вечен, но останувам на чело на СДСМ
Четири чекори за излез од кризата на еврозоната
Иванов - Спортот има моќ да сплотува
На 30 октомври почнува зимското сметање на времето
Путин бесен поради објавените снимки на Гадафи
Пораст на цената на нафтата по самитот во Брисел
Европа и прости половина долг на Грција
На жена во Хрватска по грешка и извадиле здрав бубрег
Предлог-законот за минимална плата влегува во владина процедура

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 3°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 18°C, Мин: 1°C

Недела
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |