28.10.2011, 12:32 Му се гледа крајот на локаутот во НБА
По последните преговори кои траеа нешто помалку од осум часови, се чини дека на штрајкот во НБА лигата му се ближи крајот, а до договор може да дојде уште вечерва.
Нов состанок помеѓу играчите и сопствениците на клубовите е закажан за денес, а овој состанок од двете страни е најавен како одлучувачки за локаутот кој трае веќе 119 денови.
„Работите се одвиваат во насока на завршување на локаутот. Очекувам дека конечен договор може да се постигне во петок“, медиумите во САД цитираат неименуван извор по синоќешниот состанок.
„Мислам дека сме блиску до договор и сега с? зависи од НБА, односно дали тие сакаат да го склучиме овој договор“, изјави Бил Хантер, директорот на синдикатот на кошаркарите.
„Нема гаранција дека ќе успееме, но ќе дадеме с? од себе за тоа да се случи во петок“, додаде комесарот на НБА лигата, Дејвид Штерн.
Доколку денес или најдоцна во текот на овој викенд двете страни постигнат спогодба околу новиот колективен договор, се очекува НБА сезоната да започне на 1 декември.
|