27.10.2011, 15:43 Зоран Јолевски доби уште еден мандат
Амбасадорот на Македонија во САД и актуелен преговарач за името, Зоран Јолевски, добил уште едно продолжување на мандатот и, според најавите од МНР, на оваа функција ќе остане до декември 2012 година. Мандатот на Јолевски како амбасадор истекуваше летово, така што до крајот, ако нема уште едно продолжување, ќе остане на функцијата пет ипол години.
Наскоро ќе биде пополнето исто така испразнетото место во мисијата на Македонија во Брисел, каде што ќе замине Андреј Лепавцов, советник во кабинетот на премиерот Никола Груевски. Лепавцов вчера ги престави своите приоритети во Министерството за надворешни работи а идната недела ќе го сослушуваат пратениците, по што многу брзо ќе замине во Брисел каде веќе неколку месеци нема амбасадор, бидејќи Никола Попоски ја доби првата фотелја во надворешната политика.
Испразнето е и амбасадорското место во Стразбур, во Советот на Европа, но според извори од МНР процедурата за негово пополнување се уште не е почната. (С.Ј.)
|