28.10.2011, 15:41 Распуштен Хрватскиот сабор, избори најверојатно на 4 декември
Хрватскиот сабор денеска е распуштен, а од присутните 137 пратеници за ваквата одлука гласале 135, еден бил против и еден воздржан.
По одлуката за распуштање на Саборот, хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ може да распише избори за нов состав на паралемнтот и тие најверојатно ќе се одржат на 4 декември.
Штом Јосиповиќ ќе ги распише изборите, а тоа може да се случи уште денеска, почнува да тече рокот од 14 дена за предавање и верификување на кандидатските листи до Државната изборна комисија.
Денеска распуштениот, шести состав на Саборот, е конституиран на 11 јануари 2008 година, кога мнозинство во Парламентот имаа пратениците на ХДЗ, чиј тогашен лидер беше Иво Санадер, а потоа стана и премиер.
|