Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
25.10.2011, 17:00
Филе ги игнорира реакциите од Македонија




Наместо за јазикот, еврокомесарот пак зборува за забелешките од извештајот.

Слободанка Јовановска

Го предупреди ли шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, еврокомесарот Штефан Филе, за неправдата околу неупотребата на македонскиот јазик? Иако некои од медиумите тврдат дека на средбата Попоски остро побарал ваквата практика во извештаите на Брисел веќе да не се повтори, во официјалното соопштение на еврокомесарот и на македонското Министерство за надворешни работи нема ниту „м“ од македонскиот јазик туку се говори за други теми и пораки.

Според она што извести Европската комисија, Филе му порачал на министерот дека давањето повторно препорака покажува дека Брисел ја признава работата што ја завршила Владата, но дека се потребни натамошни напори за да се одговори на клучни предизвици.

Тие нови предизвици, вели Филе, се слободата на изразување во медиумите, реформата на судството, јавната администрација и борбата против корупцијата, т.е. истите забелешки за кои се налути премиерот Никола Груевски и ги оцени како тенденциозни и преувеличени за да и' се земе идната година препораката на Македонија, бидејќи не е решен спорот за името.

Филе, исто така, побарал јакнење на политичкиот дијалог, справување со високата невработеност и изработка на акциски план со кој ќе се одговори на барањата на Брисел. На крајот, еврокомесарот побарал да се удвојат напорите за да се најде решение за спорот, и тој да не се одлага натаму.

Од соопштението се гледа јасно дека еврокомесарот ги игнорира многуте писма и реакции што стигнаа на негова адреса изминатите денови и дека на целиот настан не му придава првостепено значење како што тоа се прави во Македонија. Ако се суди по соопштението на МНР, ни Попоски не кажал којзнае што на оваа тема. Според информацијата од Министерството, тој настапил обратно, давајќи им предност на преговорите, како нешто што ќе влијае позитивно на реформите, и притоа искажал благодарност за препораката за датум за преговори, а со тоа и за постојаната поддршка на Комисијата за евроинтеграција на земјата.

Медиумите претходно, не повикувајќи се на некакви извори, јавија дека Попоски му порачал на Филе дека идентитетот е чувствително прашање и изоставувањето на придавката „македонски“ предизвикала лавина реакции во јавноста, па порачал тоа повеќе да не се повтори . Тоа барање го поткрепил со фактот дека во официјалниот регистар на ОН стои „македонски јазик“ и „македонски граѓани“.

Додека министерот беше во Стразбур на средбата со Филе, од Македонија и натаму се упатуваа писма до Брисел на истата тема, а меѓу пишувачите се Обединетата македонска дијаспора (ОМД), Друштвото на ликовните уметници на Македонија, битолското здружение „Персеида“ и други. Според ОМД, Европската унија и нејзините институции се контрадикторни и непостојани во однос на сопствените принципи за човекови права, заемно почитување, национално достоинство и правото на самоопределување. Постапките на ЕУ, смета ОМД, се во спротивност и со меѓународните норми на именување на Македонците како Македонци и на нивниот јазик како македонски, па затоа Македонците ширум светот се длабоко загрижени со ова кршење на нивното право за самоопределување од страна на ЕУ.









Статијата е прочитана 2931 пати.

Испрати коментар



Акцијата „Ден на дрвото“ во третата недела од ноември
Светска банка ќе ни гарантира за 100 милиони евра
Собранието расправа за Извештајот на ЕК за Македонија
ВМРО-ДПМНЕ со критики за начинот на владеење на СДСМ
Казни за 14 здравствени установи и нивните директори
Се бара сослушување на осомничениот педофил од ОБСЕ
Проститутките во Бугарија годишно заработуваат 215 милиони евра
ЕУ во Авганистан останува и по 2014 година
ОН - До 2100 во светот ќе има десет, а можеби и 15 милијарди луѓе
Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиуми во Македонија
Реџепи - Косово подготвува акција на северот на Косово
Реакција на МНР за дезинформации за средбата Попоски - Филе
Јанкуловска во посета на Москва
Прилепчанец загина откако со автомобилот паднал во река
Три жртви во невремет�� во северна Италија
Обама - Смртта на Гадафи е силна порака до диктаторите
„Топлификација“ побара поскапување на парното
Место сведочење, писмен исказ од заштитниот сведок
СДСМ обвинува за применување селективна правда
Владата ќе испрати 100 илјади евра помош во Турција
Стотина загинати во експлозија на цистерна во Сирт
Од урнатините извадено бебе старо 14 дена
„Фич“ - Банкротот на Грција е неизбежен
Арифи - Извештајот на Европската Комисија е позитивен
Попоски до Филе - Бришењето на придавката „македонски“ да не се повтори!
Бензините и дизелот поскапуваат за еден денар
Тетовец се задушил во својот стан
Нов штрајк на вработенте во јавниот превоз во Атина
Најмалку 366 загинати и 1.301 повредени во земјотресот во Турција
Ламерс - Расте притисокот врз Македонија за НАТО
Гадафи погребан на тајна локација во либиската пустина
Министерот Попоски во посета на Европскиот парламент
Македонските институции во одбрана на идентитетот
Лидерите на ЕУ согласни да ја спасуваат Грција
Босанскиот претседател во посета на Македонија
Земјотрес од четири степени во Битола
Околу илјада жртви во катастрофален земјотрес во Турција
Лидерите на ЕУ ќе кројат план за спас на еврото
Уапсен и најстариот син на Гадафи, Саиф ал-Ислам
Македонија го одбележува Денот на револуционерна борба



Бобан фахрудин Готовуша, 25.10.2011 17:53:42
Зошто го губиме времето и енергијата со некого кој не Не сака!? Да вложивме волку напори Во други работи далеку подобро ќе се беше сега. Тоа губење време, сите тие т.н.р. Европски ФОНДОВИ и ПАРИ се наменети за да се купуваат нивните производи а не да се помогне некому. Да си ја гледаме работата како што треба, па тие нека прават што сакаат и така нема ние да поправиме ништо. Ако има забелешки да ги решиме, “да изразиме загриженост“ и “да се потрудиме“ “никогаш така нешто да не ни се повтори“. Тоа е дипломатија, а тука не играат чувствата туку парите. Не скокајте во магла!
Obedineta Makedonska Dijaspora, 25.10.2011 18:25:51
Za da ne gi ignoriraat treba da se primeni strategija na prof. Igor Janev. Strategijata na Janev e edinstvna megunarodno priznaena strategija za vospotavuvanje meto vo ON.
zik, 25.10.2011 19:53:34
po se izgleda pismata ne stignale kaj file.nashite ,,patrioti,,tie pisma gi objavuvaat samo vo nashi-te ,,patriotski,, mediumi za da go splotat svojot ,,patriotski,, gledach.proverete vo kontejnerite blizu vladata!
neopredelena, 25.10.2011 19:55:35
Sekogas nekoj drug i e kriv na Makedonija. Site se krivi samo ne Grujo i Familijata. Sto in e gajle na niv, oni si imaat praznici - ke si praznuvaat, spomenici - ke si gi gledaat, carstvo - ke si caruvaa, sto im treba Evropa. Ako vleze Makedonija vo Evropa kako ke caruvaat carovite Makedonski koga ke mora da gi gi pocituvaat zakonite Evropski. Koga ke svatite deka na Grujo ne mu e od interest Makedonija da vleze vo EU?
kiki, 25.10.2011 20:05:07
Ne umri magare do zelena treva.Mozebi gresam no mislam deka nie barame priem vo EU a ne obratno.Jas sum siguren deka Gruevski podolgo vreme nema go vidi Brisel so vakvata retorika,odnosno RM samo se oddalecuva od EU
vladimir petrovski -dejure! schepanovic-xarizanov, 25.10.2011 20:33:59
koga fule vide deka nasiot ministar od lav (pred nego)stana malo mace sram da mu e samo place.....se razbira deka ke ne ignorira..

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Среда
Претежно облачно
Макс: 18°C, Мин: 6°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 16°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |