Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
09.11.2011, 14:12

(ФОТО) Наскоро во Албанија со лична карта




За две години Тирана ќе ни биде поблиска за сто километри, најави албанскиот премиер Сали Бериша.

Слободанка Јовановска

Фото: Петр Стојановски

Македонските и албанските граѓани набргу ќе ја поминуваат границата само со лична карта, најави премиерот Сали Бериша денеска од Скопје, по средбата со премиерот Никола Груевски. Според Бериша, ќе се направи се за да се поврзат што повеќе двете земји, па спомена дека за две години дистанцата меѓу Скопје, Дебар и Тирана ќе се намали за 103 километри, а таа преку Струга за еден час. Бериша најави можност и за нееднаква царинска унија меѓу Албанија, Македонија и други земји во регионот по примерот на Европската унија, но ниту една од овие најави не беше потврдена од страна на премиерот Груевски. Место тоа, македонскиот премиер само му даде поддршка на Бериша за добивањето статус кандидат за ЕУ на Албанија, а Бериша му возврати со поддршка за членство на Македонија во НАТО, заеднички оценувајќи дека иднината на двете земји е во евроатлантските интеграции.



„Сакам да гарантирам дека за Албанија односите �� соработката со Македонија се многу битни и им посветуваме исклучително внимание“, изјави Бериша, додавајќи дека Македонија практично е членка на НАТО и треба само да го реши спорот со Грција.

Според најавите, Груевски и Бериша имаа тет-а-тет средба и дојдоа на прес конференцијата четириесетина минути подоцна од планираното. Претходно, Бериша се сретна со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој му дал отчет за се што неговата партија успеја да издејствува околу барањата на Албанците во Македонија, од амнестијата за хашките случаи, употребата на албанскиот јазик, на албанското знаме до имплементацијата на Охридскиот договор. Лидерот на ДУИ го запознал Бериша и со проектот за плоштадот Скендербег, за патот Кичево – Дебар, железничката пруга Кичево – Ќафасан и библиотеката и театарот во Тетово.



Бериша, според информациите од ДУИ, сметал дека по конфликтот од 2001 година, правата на Албанците во Македонија се видливо унапредени и голем напредок е постигнат во зголемувањето на политичката тежина на Албанците. Истовремено, тој и Ахмети се договориле заеднички да ги прослават 100 годишнината на Денот на знамето и независноста на Албанија.

Бериша имаше средба и со претседателот Ѓорѓи Иванов и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, по што замина на средби во Тетово.

Околу најавата за поминување на границата со лична карта, нешто на што долго време се противеше Македонија, а го бараше Албанија, министерката Гордана Јанкуловска вчера објасни дека договорот не е потпишан се уште, но верува дека тоа ќе се случи брзо.









Статијата е прочитана 1448 пати.

Испрати коментар



(ФОТО) Велешани порачаа - Топилница никогаш повеќе!
Преговорите за нова грчка влада прекинати
Двајца Македонци пронајдени мртви во Италија
Од пролет фудбал на трева во ролни
Газда на грчки фудбалски клуб приведен во Скопје
Јакимовски поднесе тужба против Бичиклиски
ЗНМ на средби со опозицијата за дијалогот со Владата
„Бегај, мали, да не те снајде и тебе истото!“
Русија и Грузија потпишаа договор за членство на Москва во СТО
Владата вети повеќе пари за иновации
Спортисти и уметници со Манифест во одбрана на македонскиот јазик
Пијан возач усмрти пешак
Маџар Телеком ќе инвестира 180 милиони евра во Македонија
Лагард - Глобалната економија ризикува да изгуби декада
Робертсон - Дијалогот меѓу Белград и Приштина треба да продолжи
Велешани во борба за живот против Топилницата
Четири лица се повредени во земјотресот во Турција
КФОР ја презеде контролата на преминот Јариње
Почнува реконструкцијата на теренот на арената „Филип Втори“
(ФОТО) Опожарена покривната конструкција на три дуќани во Кисела Вода
Албанскиот премиер Сали Бериша во посета на Македонија
Составот на новата влада во Грција ќе биде објавен денеска
Берлускони најави оставка
Црвенковски - „Ме прислушкуваат“
Отчет на министерот за економија Сарачини за првите 100 дена од Владата
Детална истрага за наводното прислушкување на Бошкоски
Царина со нова електронска услуга за компаниите
СДСМ предлага пописот да се спроведе од 1 до 15 април, 2012
Арифи - Процесот на деблокирање на евроинтеграциите останува приоритет
ДЕНОТ НИЗ ФОТОГРАФИИ
Волерс - Промените во Грција го комплицираат секој процес
Папандреу побара од министрите да поднесат оставки
Почна кампања за собирање стари и истрошени батерии
Поништена пресудата за сопствениците на шанкот-убиец
Владата не задолжи за нови 130 милиони евра
Собранието испрати 172 припадници на АРМ во Авганистан
Вестервеле - Грција треба да остане во еврозоната
Лукас Пападимос ќе биде нов грчки премиер, тврди извор во ПАСОК
Ехуд Барак - Се уште не е донесена одлука за напад на Иран
Јеремиќ - Проблемот меѓу Србија и Косово треба да се реши со компромис
„Ал Џазира Балкан“ почнува со емитување програма
Обама пред сите републикански кандидати
Лекарот на Мајкл Џексон прогласен виновен за убиство без предумисла
Климке - Името нe е приоритет на новата грчка влада
Да не се дели здравството на приватно и државно
(ФОТО) Ноемвриска крајезерска идила
Ахмети - Во првите 100 дена ДУИ се акомодира
Четиригодишно дете загина во излетан автомобил
Бензините поевтинуваат два денара, дизелот по старо
Бан Ки-мун загрижен поради влошување на безбедноста на Косово
Попоски - Досега немало прифатлив предлог за името
Во сообраќајка во Египет загинаа 11 унгарски туристи
Продолжува судењето против Игор Спасов
Венецуелскиот терорист Карлос призна дека убил околу 2.000 луѓе
Обама и Расмусен на средба во Вашингтон
Поделбата на Косово ја отвора Пандорината кутија
Предвремени избори во Грција на 19 февруари
Крај на грчкиот трилер, новата влада без Папандреу!
„Отворен ден" во МВР за сите заинтересирани граѓани
Над 500 загинати во поплавите на Тајланд
Претседателот Иванов со честитка за Курбан Бајрам
Нема крај на грчкиот политички трилер
Полноќна драма во Атина, Папандреу на чекор до крајот
Филе го употреби терминот „македонски“ во Прага
Три момчиња загинаа во сообраќајка кај Берово
Маковеј - Македонија подобра во борбата со корупцијата од некои земји од ЕУ
Четворица млади Французи починаа од „крокодил“
Затворски и условни казни за „Јака Табак“
Цвета соработката меѓу Владата и бизнисот
КФОР ги отстранува барикадите од Брњак
На Санадер не му треба патерицата
Анкета - Граѓаните задоволни од Владата во првите сто дена
Каубојска пресметка во кафе бар во Охрид



Ангеле, 09.11.2011 22:09:42
Зарем Албанците не ни потврдија на многу начини досега дека не може да им се укаже доверба за ништо? Па нивните воени бегалци кои Македонија со христијанска љубов ги згрижи оттогаш давесет години се трудат да ни ја растурат земјата, а сега им олеснуваме влез во Македонија? Зошто?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


 
Најнови вести
Време
Скопје, 13°C

Сончево

Четврток
Сончево
Макс: 16°C, Мин: 0°C

Петок
Магла
Макс: 10°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани


Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |