09.11.2011, 13:01 Лагард: Глобалната економија ризикува да изгуби декада
Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард предупреди дека светската економија е во опсаност да „загуби цела деценија“. Таа изјави дека актуелната должничка криза во Европа резултирала со неизвесност за целата светска економија, додавајќи дека иако напорите за решавање на кризата биле насочени во добар правец, треба да се направи повеќе за да се врати довербата на пазарот.
„Доколку не настапиме одлучно и заедно, глобалната економија е во опсаност да биде вовлечена во вртлог на неизвесност, финансиска нестабилност и можен колапс на светската побарувачка. Ни се заканува нешто што некои коментатори веќе го нарекуваат ’загубена деценија“, истакна Лагард. Таа смета дека кризата во еврозоната и забавувањето на економијата во САД претставуваат голем предизвик за глобалната економија. Наспроти ова, азиските земји предводени од Кина последните години доживеаја голем напредок, но во глобализирана економија Азија не е имуна на она што се случува во останатиот дел од светот, предупреди Лагард. Таа додаде еврозоната и САД се најголемите пазари за стоката што доаѓа од Азија – Кина и Јапонија не смеат да бидат толку извозно ориентирани туку треба да ја стимулираат домашната побарувачка, за да го продо��жат економскиот раст. (Ек.Р.)
|