09.11.2011, 10:21 КФОР ја презеде контролата на преминот Јариње
Припадниците на КФОР утрово ја презедоа барикадата кај граничниот премин Јариње и моментално го контролираат овој простор.
Војниците на меѓународните сили поставиле бодликава жица пред барикадите и на тој начин го попречија патот Лепосавиќ-Рашка.
КФОР во текот на акцијата употреби солзавец за да ги натера Србите да се оддалечат од барикадите. Двајца Срби се приведени во базата на КФОР кај Јариње, а по еден и пол час се ослободени.
Претседателот на општината Лепосавиќ Бранко Ниниќ изјави дека граѓаните од Северно Косово ќе продолжат со мирен отпор против воспоставување на приштинските институции на премините. Тој истакна дека припадниците на КФОР без повод употребиле солзавец.
КФОР, исто така, блокираше и два алтернативни патишта покрај преминот Јариње и реката Ибар, кои водат од Лепосавиќ кон Рашка.
Србите по акцијата на КФОР растоварија неколку камиони со песок и направија нова барикада, и моментално се на околу 100 метри од оваа барикада.
Војниците на КФОР по акцијата излегоа од базата „Нотинг хил“ кај Лепосавиќ со неколку возила и се распоредени на магистралниот пат кон Косовска Митровица.
|