08.11.2011, 15:43 Македонски кошаркар со сомнителен допинг тест на ЕП
Литванската анти-допинг агенција открива дека еден кошаркар од Македонија и еден од Шпанија имале сомнителни резултати на допинг тестовите за време на Евробаскетот во Литванија.
Директорот на анти-допинг агенцијата на Литванија потврди дека од 76 допинг контроли направени на Европското кошаркарско првенство во Литванија, две од нив имале „невообичаени“ резултати. Еден од нив е кошаркар од Македонија, а другиот е член на репрезентацијата на Шпанија.
Од агенцијата не ги откриваат имињата на кошаркарите, но дополнуваат дека сеуште не можат со сигурност да потврдат дека се работи за позитивен допинг тест, односно дека резултатите имале отстапувања од нормалата.
Случајот ќе биде проследен до ФИБА кои треба да направат дополнителни тестови. Доколку се потврди дека анти-допинг тестовите се позитивни, играчите можат да заработат суспензија до две години.
|