09.11.2011, 12:44 Македонија губи, Панчевски победува
Интермајсторот славеше и во поразот од Исланд од 2,5-1,5 во шестото коло на ЕП во шах.
Роберт Димитриевски
Интермајсторот Филип Панчевски (рејтинг 2442) беше единствената светла точка во шаховската репрезентација на Македонија и во поразот од Исланд од 2,5-1,5 во шестото коло на 18. Европско првенство во Порто Карас. Само најмладиот член на националниот тим освои цел поен против селекцијата рангирана две места подолу од македонската, славејќи со бели фигури против ИМ Браги Торфинсон (2421) на третата табла. Тој единствен победи и против Унгарците, кога извојува голема победа над велемајсторот Золтан Ѓимеши (2652), а беше успешен и против Врахимис Булос од Кипар едно коло пред тоа.
Билансот на Панчевски од три поени во досегашните пет кола го има и ВМ Звонко Станојоски (2470), кој ремизира на последната табла со ИМ Бјорн Торфинсон (2402). ВМ Владимир Георгиев (2553) на првата го претрпе третиот пораз во низа, за што е виновен ВМ Хенрик Даниелсен (2542). Втор пораз на турнирот едноподруго забележа ВМ Трајко Недев (2493), од кого на втората табла беше подобар ФИДЕ-мајсторот Хјорвар Стеин Гретарсон (2452).
До крајот на шампионатот во Грција остануваат уште три кола, в�� кои 30-рангираната Македонија со своите четири меч-бодови и 11,5 поени освоени по табли влегува како 31. меѓу 38 земји-учеснички. Противник на избраниците на селекторот Драгољуб Јаќимовиќ вечерва ќе биде Летонија.
Резултати од шестото коло: Франција - Бугарија 2-2, Грција - Романија 1,5-2,5, Русија - Азербејџан 1,5-2,5, Ерменија - Шпанија 2,5-1,5, Германија - Италија 3-1, Холандија - Полска 2,5-1,5, Словенија - Грузија 2,5-1,5, Летонија - Унгарија 1,5-2,5, Украина - Израел 2-2, Чешка - Англија 2-2 итн.
Табела: Романија 10 (15,5), Азербејџан 10 (15), Бугарија 10 (15), Ерменија 9 (15,5), Германија 9 (15), Франција 9 (14,5) итн.
|