03.11.2011, 10:18 Баерн подобар од Наполи во ЛШ
Баварците со 3:2 успеаја да го совладаат Наполи во Минхен, а по пауза од месец дена на теренот за гостите се врати Горан Пандев.
По првите 45 минути игра на „Алианц“ арената ништо не наговестуваше дека ќе следи интересно второ полувреме. Сепак, гостите од Неапол преку Фернандез во 79. минута намалија на 3:2 и ја внесоа средбата во неизвесна завршница.
На крајот испадна дека тоа бил нивниот максимум, а во буквално последнте секунди недостигаа милиметри Гомез да го постигне својот четврти гол на средбата. И тоа со шут од својата половина.
Токму Гомез беше стрелец на сите три погодока за Баварците, кои со новата победа стигнаа до десет освоени бодови. Репрезентативецот на Германија беше прецизен во 17., 23. и 41. минута, кога зголеми на 3:0, а Фернандез во 45. минута намали на 3:1.
Двете екипи средбата ја завршија со по десет играчи откако кај гостите втор жолт картон во 70. минута заработи Зунига, додека истото го стори и Бадштубер седум минути подоцна.
За одбележување е враќањето на теренот на оваа средба на Горан Пандев, кој влезе во игра во 84. минута. Ова е прв настап за нашиот најдобар играч по пауза од месец дена.
На Ел Мадригал, Манчестер Сити убедливо со 3-0 го победи Виљареал. Јаја Туре во 30. минута го отвори резултатот, во 45. Балотели од пенал зголеми на 2-0. Во 71. минута по асистенција од Балотели, Јаја Туре постигнува нов погодок за конечните Виљареал - Манчестер Сити 0:3.
По четири одиграни кола Баерн Минхен е прв со десет освоени бода, Сити е на второто место со седум, Наполи има пет, Виљареал е последен без бодови.
Група А: Баерн Минхен - Наполи 3:2, Виљареал - Манчестер Сити 0:3. Табела: Баерн 10, Манчестер сити 7, Наполи 5, Вилјареал 0.
Група Б: Интер - Лил 2:1, Трабзонспор - ЦСКА Москва 0:0. Табела: Интер 9, Трабзонспор 5, ЦСКА 5, Лил 2.
Група Ц: Бенфика - Базел 1:1, Манчестер Јунајтед - Оцелул 2:0. Табела: Бенфика 8, Манчестер ј. 8, Базел 5, Оцелул 0.
Група Д: Ајакс - Динамо Загреб 4:0, Олимпик Лион - Реал Мадрид 0:2. Табела: Реал М. 12, Ајакс 7, Олимпик 4, Динамо 0.
|