04.11.2011, 11:51 Ѓоко Танески доби втора ќерка!
Михаела е втората ќерка на поп пејачот Ѓоко Танески, која се роди утрово (4 ноември), дваесет минути пред седум часот, во приватната болница „Свети Лазар“ во Скопје.
„Се помина во ред, и бебето и мајката се чувствуваат добро“, ни изјави кратко среќниот татко кој цело утро прима честитки за приновата.
Михаела, која се роди тешка 2.930 г., е втора радост за Ѓоко и неговата сопруга Розе, кои веќе ја имаат ќеркичката Анастасија, која самата и го одбра името на својата новородена сестричка. Мекиците веќе се пржат- нека е здрава и жива принцезата на мама и тато! (К.Ш.)
|