02.11.2011, 13:09 Отворање на Неделата на францускиот филм
Со комедијата „Жените од шестиот кат“ денеска во киното Милениум свечено ќе биде отворена Неделата на францускиот филм.
Манифестацијата е во организација на Францускиот центар во Македонија и Младинскиот културен центар, а традиционално се одржува на почетокот на ноември, како продолжеток на Фестивалот на францускиот филм што се одржува во Охрид.
Неделата на францускиот фил свечено ќе ја отворат амбасадорот на Франција во Македонија Жан-Клод Шлумберже, вршителот на должност при германската Амбасада во Македонија Валтер Лојкс и претствник од Министерството за култура.
|