02.11.2011, 14:21 Голите фотографии на Скарлет Јохансон наменети за Рајан Рејнолдс
„Знам од кои агли најдобро изгледам“, рекла на шега актерката во интервјуто за фотографиите што самата ги направила.
Холивудската актерка Скарлет Јохансон, чии предизвикувачки фотографии го преплавија интернет по хакерскиот напад, за магазинот „Венити фер“ изјавила дека сликите биле наменети за нејзиниот тогашен сопруг, Рајан Рејнолдс.
„Знам од кои агли најдобро изгледам“, рекла на шега актерката во интервјуто за фотографиите што самата ги направила.
Јохансон рекла дека не се срами од своите фотографии, но изјавила дека сака да се почитува нејзината приватност, иако е јавна личност. „Фотографиите му ги испраќав на својот сопруг. Нема ништо лошо во тоа. Не снимав порно-филм, иако ни во тоа не гледам ништо лошо“, изјавила актерката.
Таа побарала помош од ФБИ кога нејзините слики се појавиле на интернет во септември.
Набрзо бил уапсен хакерот Кристофер Чејни, за кого се утврдило дека извршил упад во компјутерите и на актерката Мила Кунис и на пејачката Кристина Агилера и нивните слики илегално ги поставил на интернет.
Скарлет Јохансон и Рајан Рејнолдс се разведоа во ��ули оваа година, а актерката рекла дека тоа е болно искуство за неа.
„Не знаев што да правам со себе. Тоа беше чуден период. Ништо не ме интересираше тогаш. Разводот беше многу јавен, беше тешко и непријатно“, изјавила актерката за „Венити фер“.
|