04.11.2011, 14:36 На Санадер не му треба патерицата
Се изјасни за невин, а психолог вели дека ортопетското помагало го користел за да не носи лисици.
Санадер во четвртокот во судницата зборуваше подобро од сите присутни. Не беше арогантен, туку зборуваше елоквентно, концетрирано и аргуметнирано. Оставаше впечаток дека обвинението е несигурно.
Психофизички е во добра кондиција, изгледа дека патериците воопшто не му се потребни, туку се тука за да нема лисици на рацете – утврди психологот Маријана Кризманиќ. Санадер во судницата беше сконцентриран. Ја покажа својата елоквенција, дипломатичност па дури и шарм, смета угледна фонетичарка од една телевизија. Физички изгледа многу добро.
Фактот дека ослабел му оди во прилог бидејќи ја дотера линијата иако тоа до некаде остави трага на лицето. Стои исправено, потстрижен е и дотеран иако косата му е нешто поретка. Не го носи венчалниот прстен, но не го носеше ниту предходно, што може да се забележи од фотографиите од времето кога стануваше премиер.
Речиси сите поважни светски медиуми опширно го проследија првиот ден од судењето на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер. Српските медиуми истакнуваат дека станува збор за „судење на векот во Хрватска“. Белградски „Блиц“ објави голем текст со наслов „Почна судењето на векот во Хрватска. Санадер: не сум воен профитер“. Српските медиуми, за да доловат за каков процес станува збор, истакнаа дека првото рочиште од судницата го пренесуваа сите хрватски телевизии. „Судијата овозможи директе пренос од рочиштето“, истакна белградската агенција Бета.
И во западна Европа судењето на Санадер предизвика голем интерес. „Тоа е првпат во Хрватска некој пред суд да одговара по обвиненија за воено прифитерство“, јавува француската агенција АФП. Странските медуми потсетуваа дека судењето на поранешниот премиер почна точно еден месец пред парламентарните избори и истакнуваат дека ХДЗ, поранешната партија на Санадер, е предмет на истрага.
„Санадер со гнасење го отфрли обвинението дека е воен профитер. Судењето е дел од антикорупциската кампања која ја почна наследничката на Санадер, премиерката и претседателка на ХДЗ, Јадранка Косор за да се исполнат условите за влез во ЕУ во 2013 година“, објави Ројтерс. Танјуг истакнува дека Санадер инсистирал на објаснување на причината поради која го добил чинот полковник во хрватската армија. (Вечерњи.хр)
|