04.11.2011, 22:05 Спомен куќата на Тоше Проески победи!
Проектот за спомен куќата на Тоше Проески на „Синдикат студио“ ја доби наградата за најдобро архитектонско дело за 2011. на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона.
Во гласањето, кое заврши денеска попладне и кое се одвиваше на интернет порталот „Опен билдингс“, меморијалната спомен-куќа за Проески освои 15.078 гласови од целиот свет, а освои и најмногу гласови од меѓународното жири.
На второ место е Музејот на сеќавањата и толеранцијата во Мексико Сити и проектот Атмосфера во Калкута.
Годинава прв пат беше воспоставена награда за која може да се гласа од цел свет, со што за своите фаворити гласаа не само архитекти, туку и луѓето од различни професии.
Беа пријавени повеќе од 1.000 проекти, а право на учество добија 704. Објектите можеа да бидат од разни категории, а главен критериум да влезат во гласањето беше да се завршени оваа година. Спомен куќата на Тоше влезе меѓу фаворитите од почетокот на гласањето во август годинава.
Спомен-куќата на Тоше беше отворена на 25 април. Лоцирана е на Гумење во Крушево на површина од 870 метри квадратни. Има форма на крст, изградена од бетон и стакло. Идејниот проект е на архитектите Дејан Секуловск�� и Дејан Спасеновски, а во соработка со Илија Божиновски.
|