04.11.2011, 15:09 Тежок пад на Инерхофер
Светскиот шампион во супервелеслалом, Криштоф Инерхофер (26), настрада на тренинг јужно од Инсбрук.
При падот, италијанскиот скијач се здоби со повреди на главата и на коленото и итно беше пренесен во болницата во Болцано. Според информациите од Италија, сепак, Инерхофер мина без скршеници.
Оваа година на Светското првенство во Гармиш Партенкирхен, тој освои златен медал во супервелеслалом, сребро во суперкомбинација и бронза во спуст.
Италијанецот, сигурно, ќе го пропушти почетокот на сезоната. Двата слалома во фински Леви се и онака одложени поради топлото време и недостигот на снег, а наредните трки во календарот се закажани за 26 и за 27 ноември во Лејк Луис, кога ќе се вози спуст и супервелеслалом.
|