07.11.2011, 10:55 Обама и Расмусен на средба во Вашингтон
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен ќе се сретне денеска во Вашингтон со американскиот претседател Барак Обама.
Средбата ќе се одржи една недела откако НАТО ја заврши својата мисија во Либија.
Расмусен ќе разговара, исто така, и со американскиот државен секретар Хилари Клинтон, со министерот за одбрана Лион Панета, со претседателскиот советник за национална безбедност Том Донилен и со сенатори.
Во операцијата „Обединет заштитник“ во Либија, која заврши 11 денови по смртта на Моамер Гадафи, учествуваа 28 земји.
Во мај следната година во Чикаго ќе се одржи средба на врвот на земјите членки на НАТО.
|