Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
08.11.2011, 16:02
Кои се голите украински протестантки?




Топлес-протестите се познати ширум Европа, бидејќи активистките на „Фемен“ постојат уште од 2008 година. Столбот на движењето го сочинуваат студентки меѓу 18 и 20 години.

Откако за првпат се појавија во Киев, пред три години, активистките на женското движење „Фемен“, познати по протестите во топлес, не се стегаа во борбата за женски права своите облини да му ги покажат на целиот свет. Нивната радикална борба го достигна врвот, кога во неделата Александра Шевченко разголена прошета пред базиликата на Свети Петар, во Ватикан.

Облечена во провокативна, проѕирна црна блуза, Александра се појави по обраќањето на папата Бенедикт Шеснаесетти на верниците. И додека поголемиот број собрани ги влечеа своите деца на страна, покривајќи им ги очите со раце, имаше и пријатно изненадени припадници на машката популација, кои гестот на Александра го поздравија со мавтање.

Во рок од неколку минути се појави италијанската полиција и ги приведе Александра и нејзините две соработнички.

Тоа не е првпат активистките на „Фемен“ да се најдат на мета на полицијата, бидејќи во текот на многубројните протести во топлес биле приведувани поради „нарушување на ја��ниот ред“.

Минатата година, на 27 октомври, беа уапсени шест активистки, кога полуголи и со провокативни натписи на плакатите пред споменикот на Ленин во Киев се спротивставија на влијанието на Русија врз украинската политика.

Топлес - протестите наголемо се познати ширум Европа, бидејќи активистките на „Фемен“ постојат уште од 2008 година. Столбот на движењето го сочинуваат студентки меѓу 18 и 20 години, а една од најстарите членки е токму основачката Ана Хустол, која има 28 години. Лидерката Хустол тогаш изјавила дека „планираат уште протести“.

- Ние сме мала армија од 300 студентки и сакаме да го свртиме вниманието на јавноста, на правата на украинските жени, но и на другите општествени проблеми. Соблекувањето беше начин да го свртиме вниманието на нашите ставови. Телото е се' што имаме и не се срамиме од тоа - раскажала Ана. Таа објаснила дека движењето го финансираат бројни деловни луѓе и локални бизнисмени, кои ги поддржуваат.

Организацијата стекна светска слава, благодарение на топлес- протестите против сексизмот, како и другите облици на националните и општествени болести. Целта на организацијата е „развивање лидерство, интелектуални и морални квалитети кај младите жени, како и „да се изгради подобар имиџ на Украина, земја со големи можности за жените.“

Од движењето најавиле дека ќе се обидат како политичка партија и да го најдат своето место во парламентот. Мажите во Украина нивните акции главно ги оценуваат како „бесмислени“ и „невкусни“, додека повеќето жени се импресионирани, а илјадници од нив отворено им даваат поддршка преку „Фејсбук“ и другите социјални мрежи. (Ј.П.)



Статијата е прочитана 3172 пати.

Испрати коментар



(ФОТО) Никогаш не е доцна да се сака Давид Албахари
Почнува 10. фестивал на европски филм „Синедејс“
Зоран Попоски со видео проекции во САД и Русија
Морган Фримен добива Златен глобус за животно дело
Мадона бесна што новата песна и се појави на Интернет
Култниот писател Давид Албахари гостува во Скопје
Стартот на Ал Џезира Балканс нема да се види во Македонија
Ријана не го крие вистинското лице
Турскиот новинар и режисер Џан Дундар, гостин во Скопје
Недела на современ словенечки филм во рамки на „Синедејс“
Нападнат актерот Јовица Михајловски
„Кајзер чифс“ доаѓаат на Таксират!
Снимајте филм на мобилен телефон
(ФОТО) Четворен триумф на Лејди Гага
Сирачето од Венецуела стана најубава жена во светот
„Панкот не е мртов“ со награда на фестивалот во Котбус
Биографијата на Стив Џобс најпродавана книга
Спомен куќата на Тоше Проески победи!
Мадона лансира нова модна линија
„Мајки“ на фестивалот на европски филм во Севиља
Мимоза Несторова Томиќ, вечерва ќе ја прими наградата „Андреја Дамјанов“
Ѓоко Танески доби втора ќерка!
„Битлсите“ го избегнуваат синот на Џон Ленон
„Калигула“ на Зоја Бузалковска во Прилепски театар
Спомен куќата на Тоше пред огромен триумф
Затворската казна за Линдзи Лохан одложена поради „Плејбој“
Голите фотографии на Скарлет Јохансон наменети за Рајан Рејнолдс
Промоција на „Црногорска трилогија“ од истакнатиот новинар Драган Николиќ
Заколнатиот ерген Хју Грант стана татко
Отворање на Неделата на францускиот филм
Филмови, музика и многу гости на „Синедејс“
Стартува едукативна програма за танцот кај децата
Прва фотографија од брачната двојка Саркози со ќерката Џулија
Почнува Фестивалот за електронски уметности во МСУ
Тајниот албум на Ејми Вајнхаус излегува на 5 декември
Пикасо и Матис неделава ќе заработат 400 милиони долари
Гоце Смилевски е откровение што доаѓа од Македонија
Мајкл Џексон бил полн со ботокс и аналгетици
Несекојдневно звучно патување со култниот „Метрополис“
„Лебедово езеро“ ги отвора „Есенските музички свечености“
(ФОТОГАЛЕРИЈА) „Универзална сала“ со песна го прослави 45. роденден
Заврши снимањето на „Трето полувреме“
Нови простори за современиот танц
Со „Метрополис“ на Фриц Ланг вечерва назад во иднината
Мики Манојловиќ ќе игра во „Бучно“ на Анета Лешниковска
Силвестер Сталоне обвинет за крадење на сценарио
Премиера на „4.48 Психоза“ во режија на Ѓорѓи Јолевски
Почнува „Локомоушн“ - фестивал за современ танц и перформанс
Мадс Микелсен добитник на наградата на Европската филмска академија
„Метрополис“ на Фриц Ланг во МОБ
Пет Метини направи вистинско шоу
Линдзи Лохан позираше гола за „Плејбој“
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Витоуш разочара, Лојд воодушеви



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


 
Најнови вести
Време
Скопје, 11°C

Делумно облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 15°C, Мин: 2°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 9°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани


Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |