06.11.2011, 13:43 Биографијата на Стив Џобс најпродавана книга
Биографијата на Стив Џобс, коосновачот на „Епл“, напишана од Волтер Ајзаксон, се искачи на врвот на топ-листите на најпродавани книги во првата недела по појавувањето во книжарниците.
Според Нилсен Букскен во првиот бран се продадени 379.000 копии од насловот „Стив Џобс“ издаден на 26 октомври од куќата „Сајмон енд Шустер“. Пресметките велат дека книгата за неодамна починатиот гениј на модерната технологија се продала во три пати поголем број од од најновото дело на Џон Гришам „Расправачи“.
Ова е одлична продажба која не е забележана од лани, кога автобиографијата на претседателот Џорџ В. Буш „Одлучни поени“ и „Дневникот на лигушкото: Грда вистина“ од Џеф Кини беа продадени во 400.000 примероци во првата недела.
Џобс почина на 5 октомври од рак на панкреаост на возраст од 56 години, по што издавањето на делото на Ајзаксон кој го создаде во соработка со Џобс, беше поместено за оваа година, наместо за следната.
Книгата со 571 страници беше издадена на „Епл иБукс“ онлајн дуќанот и на „Киндл“ на „Амазон“ еден пред да се најде во продавниците. Од „Амазон“ тврдат дека книгата ќе биде еден од најпродавните наслови годинава, а ���Сони“ веќе ги откупи правата за да снимат филм.
|