06.11.2011, 11:41 Ѓоковиќ елиминиран од Нишикори
Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори успеа да го елиминира светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ од турнирот во Базел, славејќи во полуфиналето со 2-6, 7-6, 6-0.
Ова е само четврти пораз на српскиот ас сезонава, а втор во кој дуелот го одиграл до крајот. Популарниот Ноле, кој се пожали на болки во рамото, иако го доби првиот сет и одлично се држеше во вториот, на крајот беше принуден на елиминација.
Нишикори за победничкиот пехар денес ќе се соочи со бранителот на титулата Роже Федерер, кој со 7-6, 6-2 го совлада сонародникот Станислас Вавринка во вториот полуфинален дуел.
|