04.11.2011, 21:50 Три момчиња загинаа во сообраќајка кај Берово
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнето на регионалниот пат Виница-Берово, кај селото Будинарци, загинаа три момчиња на возраст од 14 до 22 години.
Во несреќата на лице место загинаа 22 годишниот Борче Ризански, 21 годишниот Ненад Стојановиќ и 14 годишниот Гоце Пармачки, сите од беровското село Будинарци.
Портпаролот на СВР-Штип, Снежана Санева информира дека тројцата момчиња биле во автомобил Ауди 4 со словенечки регистерски таблички, кое во критичниот момент преминало на спротивната лента и директно се удрило во камион марка Камаз со винички регистерски таблички.
|