02.11.2011, 13:59 Антиќ против Каха Лаборал, Мекејлеб со Галатасарај
Денеска на програмата се четири натпревари од 3.коло на Евролигата.
Олимпијакос на Перо Антиќ гостува на Каха Лаборал, а мечот се игра во „Ирадиер" арената од 20 часот. Се очекува капитенот на нашата репрезентација одново да има главна улога во одбраната на тимот на Душан Ивковиќ.
Од 20.45 часот, Монтепаски на Лестер Бо Мекејлеб во Сиена го пречекува незгодниот Галатасарај, кој е предводен од македонскиот тренер, Октај Махмути.
Мекејлеб е во фантастична форма која треба да ја покаже и на овој натпревар.
Унион Олимпија се уште е без триумф и го пречекува Проком, а токму тука ја гледа својата шанса за прва победа.
Во преостанатиот денешен натпревар, аутсајдерот Загреб е домаќин на моќната ЦСКА Москва.
Двојки, 3 коло:
Каха Лаборал - Олимпијакос Загреб - ЦСКА Москва Монтепаски - Галатасарај Унион Олимпија - Асеко Проком
|