09.11.2011, 12:47 Антиќ со Олимпијакос гостува кај Канту
Пет натпревари од 4. коло од кошаркарската Евролига се играат вечер, а Олимпијакос за кој настапува македонскиот репрезентативец Перо Антиќ гостува во Италија кај екипата на Канту.
Покрај овој натпревар во групата „А“ играат уште Билбао - Фенербахче.
Во „Б“ групата на програмата е еден дуел во вечерниот термин (20:45 часот), Уникаха - Загреб, додека денешната програма ќе биде комплетирана со двата натпревара од „Д“ групата: Олимпија - Галатасарај и Проком - Уникс.
Другите натпревари од оваа рунда се играат утре, а двојките се: Нанси - Каха Лаборал („А“ група), Жалгирис - Бамберг и Панатинаикос - ЦСКА („Б“ група), Анадолу Ефес - Макаби, Шарлроа - Армани и Партизан - Реал Мадрид („Ц“ група) и Барселона - Монтепаски („Д“ група).
Преглед на табелите во групите:
А група: Каха Лаборал (3 победи - 0 порази), Канту (2-1), Фенербахче (1-2), Билбао (1-2), Олимпијакос (1-2) и Нанси (1-2).
Б група: ЦСКА (3-0), Панатинаикос (3-0), Уникаха (2-1), Бамберг (1-2), Жалгирис (0-3), Загреб (0-3).
Ц група: Реал Мадрид (2-1), Анадолу Ефес (2-1), Макаби (2-1), Партизан (1-2), Армани (1-2), Шарлроа (1-2).
Д група: Барселона (3-0), Монтепаски (3-0), Галатасарај (1-2), Уникс (1-2), Олимпија (1-2) и Проком (0-3). зс/9:41
|