09.11.2011, 12:48 Робертсон: Дијалогот меѓу Белград и Приштина треба да продолжи
Помошник државниот секретар на САД Дејвид Робертсон изјави дека КФОР и ЕУЛЕКС не застануваат на ничија страна во Косово, дека нема опасност од нов бегалски бран од Косово, дека дијалогот меѓу Белград и Приштина треба да продолжи, а прашањето за трговијата со човечки органи, кое е голем проблем, треба да се истражи до крај.
- Не сметам дека овие мисии застануваат на нечија страна, туку се обидуваат да обезбедат мир и стабилност за да можат луѓето да живеат нормално, независно од нивната националност, изјави Робинсон во интервју за „Вечерње новости“.
Тој додаде дека сите треба да се фокусираат врз решавањето на проблемите и продолжување на дијалогот, кој се води со посредство на ОН.
Робинсон, кој е одговорен за миграцијата на бегалците во Владата на САД, нагласи дека изминатите неколку години САД вложиле околу 30 милиони долари само во Србија, а во целиот регион околу 930 милиони долари за решавање на хуманитарни прашања.
|