09.11.2011, 12:29 Велешани во борба за живот против Топилницата
Зелената коалиција и граѓаните на Велес денеска со почеток од 17 часот од плоштадот Сармаале ќе протестираат против рестарт на Топилницата. Се вели дека од тоа не зависи само нивната, туку и иднината на идните генерации на Велес.
Под мотото „На протест против геноцидната идеја и Никогаш повеќе Топилница“, Зелената коалиција, поддржана од градоначалникот, Советот на општината и Одборот за спас, како и од бизнисмените, лекарите, просветните и спортски работници, пензионерите и пред се‘ младите, МПЦ-Повардарска Епархија, Исламската верска заедница и бројни невладини здруженија и граѓаните на Велес, на целта - пред портите на Топилница, ќе им речат НЕ на новите газди, скопскaта фирма „Метрудхем“. Топилницата нека работи и остварува економски профит, но тоа нека биде надвор од градот и на друга локација, која нема да ги уништува нашите животи како во изминатите 30 години, децидни се од Зелената коалиција.Тие велат дека оваа битка против најголемиот убиец на Велес -Топилницата, не е само за сегашните, туку и за идните генерации на Велес. Тие ќе протестираат токму на Денот на градот - 9-ти ноември.
|