11.11.2011, 13:01 Демолиран автомобилот на велешкиот градоначалник
Автомобилот „сааб“ на велешкиот градоначалник Горан Петров, ноќта спроти петокот бил демолиран во близина на станот каде живеел. На возилото било уништено предното и задното ветробранско стакло, како и стаклото на левата страна. Засега не се знаат сторителите.
Градоналачникот на Велес вели дека не се сомнева во никого и остава случајот да го расветлат полицијата и надлежните институции.
„Она што за мене е неспорно е дека се работи за вандалски чин, насочен кон мојот приватен имот, моето приватно возило и втората работа е што во никој случај овој настан нема да ме поколеба да го сменам својот начин на размислување и начин на работење“, рече Петров на денешната прес-конфернција.
Се поставува прашањето дали инцидентот има врска со најавеното рестартирање на велешката топилница? Петров тврди дека немал никаква (ин)директна закана. „Ниту сум имал навестување, ниту ситуација од која што можам да посочам некој поединец. Оставам сето тоа да го решат надлежните институции, односно СВР Велес“, вели Петров. (Х.Р.)
|